ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 10 стр. 90-98
  • Моќта на злите духови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Моќта на злите духови
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • НАВОДНО МРТВИОТ САМОИЛ
  • АНГЕЛИ КОИ СТАНАЛЕ ЗЛИ ДУХОВИ
  • КАКО ЗЛИТЕ ДУХОВИ ГИ ЗАВЕДУВААТ ЛУЃЕТО
  • ДА СЕ ОДБИЈАТ НАПАДИТЕ ОД ЗЛИТЕ ДУХОВИ
  • Спротивстави им се на злите духовни сили
    Спознание кое води до вечен живот
  • Духовни суштества — како влијаат врз нас
    Што навистина учи Библијата?
  • Зошто да се избегнува спиритизмот
    Разбудете се! 2000
  • Јехова ќе ти помогне да им се спротивставиш на злите духови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 10 стр. 90-98

10. поглавје

Моќта на злите духови

1. Зошто многумина веруваат дека можат да разговараат со мртвите?

ПОСТОЈАТ луѓе кои велат дека разговарале со мртвите. Џејмс А. Пајк, некогашен угледен бискуп на Епископалната црква, тврдел дека може да разговара со својот мртов син Џим. Пајк рекол дека неговиот син му раскажувал: ”Опкружен сум со толпа луѓе и чувствувам нечии раце како да ме креваат (...) Бев толку несреќен додека сето ова не ти го раскажав.“

2. (а) Зошто не може никој да разговара со мртвите? (б) Кои прашања се поставуваат?

2 Со оглед на тоа што ваквите доживувања се толку вообичаени, очигледно е дека повеќе луѓе разговарале со некого од духовниот свет. Но, тие не разговарале со умрените. Библијата сосема јасно вели: ”Мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5, NW). Ако не зборуваат умрените од духовниот свет, тогаш кој зборува? Кој се прикажува дека е некој од умрените?

3. (а) Кој се преправа како умрените, и зошто? (б) На кого злите духови често пати им даваат информации?

3 Тоа се злите духови. Тие духови или демони се ангели кои заедно со Сатана се побуниле против Бог. Зошто тие тврдат дека се умрените лица? За да ја поддржат претставата дека мртвите сѐ уште живеат. Злите духови, исто така, навеле многумина да веруваат дека смртта претставува премин во некој друг живот. Злите духови, за да ја прошират таа лага, на спиритистичките медиуми, гатарите и маѓосничарите им даваат посебно знаење кое навидум потекнува само од мртвите.

НАВОДНО МРТВИОТ САМОИЛ

4. (а) Зошто царот Саул барал помош? (б) Како гласел Божјиот закон во врска со спиритистичките медиуми и гатарите?

4 Во Библијата постои пример за еден зол дух кој се преправал дека е Самоил, мртвиот Божји пророк. Тоа се случило во 40–та година од владеењето на цар Саул. Силна филистејска војска тргнала против израелските воени сили, и Саул бил многу загрижен поради тоа. Саул го знаел Божјиот закон: ”Не обраќајте им се на духовните медиуми, и не прашувајте ги за совет професионалните претскажувачи на настани, за да не станете нечисти преку нив“ (3. Мојсеева 19:31, NW). Меѓутоа, со тек на времето, Саул отстапил од Јехова. Затоа Самоил, кој тогаш сѐ уште бил жив, одбил да го прими Саул (1. Самоилова 15:35). Цар Саул бил очаен затоа што се нашол во неволја, а Јехова не ги послушал неговите повици за помош.

5. (а) Кому му се обратил Саул за помош? (б) Што можел да стори спиритистичкиот медиум?

5 Саул толку сакал да знае што ќе се случи што се обратил кај една гатачка во Ен-дор. Таа жена можела да го привика ликот на човекот кој можела да го види. На темел на нејзиниот опис, Саул го препознал ликот на ”Самоил“. Тогаш духовната личност која се претставила како Самоил, рекла: ”Зошто ме вознемири и ме повика горе?“ А Саул одговорил: ”Во голема неволја сум, бидејќи Филистејците завојуваа против мене.“ Духовната личност одговорила: ”Зошто ме прашуваш мене, кога самиот Јехова отстапил од тебе и ти станал непријател?“ Потоа, таа зла духовна личност која се претставила како Самоил, му рекла на Саул дека ќе загине во борбата со Филистејците (1. Самоилова 28:3–19, NW).

6. Зошто не можело да биде Самоил оној кој разговарал со Саул?

6 Очигледно, духовниот медиум не стапил навистина во врска со Самоил. Самоил бил мртов, а после смртта човекот ’се враќа во својата земја: тој ден пропаѓаат сите негови помисли‘ (Псалм 146:4, ДК). Ако размислиме за настанот што го разгледавме пред малку, ќе заклучиме дека тоа не можел да биде гласот на мртвиот Самоил. Самоил бил Божји пророк, и затоа се борел против духовните медиуми. И како што видовме, додека бил жив тој одбил да разговара со непослушниот Саул. Кога Самоил сѐ уште би бил жив, дали би му допуштил на некој духовен медиум да договори состанок помеѓу него и Саул? Размисли за следново: Јехова одбил да му даде на Саул какви и да било информации. Дали можел некој духовен медиум да го присили Јехова да му пренесе на Саул вест преку мртвиот Самоил? Ако живите навистина можат да разговараат со своите сакани умрени, тогаш Бог на љубовта сигурно не би рекол дека станале ”нечисти“ поради допир со некој духовен медиум.

7. Која опомена ја дал Бог за да го заштити својот народ?

7 Факт е дека злите духови им нанесуваат штета на луѓето. Затоа Јехова ги предупредува своите слуги за да ги заштити. Прочитај ја следната опомена која ѝ била дадена на израелската нација. Таа ги открива методите кои ги употребуваат демоните за да ги заведат луѓето: ”Нека не се најде во тебе никој (...) кој се занимава со гатање, ни кој прави магии, ниту да гата по знаци, ниту урочник, ниту некој кој прашува духовен медиум, ниту таков чие занимање е да престкажува настани, или некој кој ги прашува мртвите. Бидејќи секој кој прави такво нешто е гад пред Јехова“ (5. Мојсеева 18:10-12, NW). Треба да испитаме како денес злите духови им наштетуваат на луѓето и како можеме да се заштитиме од нив. Но, пред сѐ сакаме да дознаеме како и кога прв пат се појавиле злите духови.

АНГЕЛИ КОИ СТАНАЛЕ ЗЛИ ДУХОВИ

8. (а) Кого уште го навел Сатана да се побуни против Бог? (б) Каде отишле кога ја напуштиле својата активност на небото?

8 Со тоа што ја излажало Ева во Еденската градина, едно ангелско суштество се направило зол дух, Сатана Ѓаволот. Потоа се обидело да наведе на бунт против Бог и други ангели, што со текот на времето и му успеало. Некои ангели ја напуштиле својата активност на небото која им била доверена од Бог, и дошле на Земјата, си направиле човечки тела какви што имаат луѓето. Христијанскиот ученик Јуда ги означил како ”ангели кои не го зачувале своето првобитно место, туку ги напуштиле своите вистински живеалишта“ (Јуда 6, NW). Зошто дошле на Земјата? Каква погрешна желба им всадил Сатана во срцата за да ги наведе да ја напуштат својата добра положба на небото?

9. (а) Зошто ангелите дошле на Земјата? б) Како Библијата покажува дека тоа што го правеле не било исправно?

9 Библијата за тоа го кажува следното: ”Синовите на вистинскиот Бог почнаа да ги забележуваат човечките ќерки (...) и забележаа дека убаво изгледаат; и почнаа да си земаат жени, имено, сите кои ќе си ги избереа“ (1. Мојсеева 6:2, NW). Да, ангелите зеле човечки тела и дошле на Земјата за да имаат полни односи со убавите жени. Но, таквите љубовни афери не им биле дозволени на ангелите. Тоа било непослушност. Библијата покажува дека тоа што го направиле тие било еднакво на неисправните хомосексуални постапки на жителите на Содом и Гомора (Јуда 6, 7). Каква била последицата?

10, 11. (а) Какви деца имале ангелите? (б) Што се случило со џиновите кога дошол потопот? (в) Што се случило со ангелите за време на потопот?

10 На тие ангели и жени им се родиле деца. Но, тоа не биле обични деца, туку израснале во џинови. Библијата ги нарекува ”силни мажи од дамнина, мажи на глас“. Тие џинови се обидувале да ги присилат луѓето да бидат исто така злобни како нив. Како последица на тоа, Библијата кажува дека ’злобата на човекот била толку голема на Земјата што секоја склоност на мислите на неговото срце била само зла‘ (1. Мојсеева 6:4, 5, NW). Затоа Јехова донел потоп, во кој дивовите или ”нефилимите“ се удавиле, како и сите други злобни луѓе. Но што се случило со ангелите кои биле дојдени на Земјата?

11 Тие не се удавиле. Ги напуштиле своите човечки тела, и се вратиле назад на небото како духовни личности. Но, тие повеќе не можеле да бидат членови на Божјата организација од свети ангели. Наместо тоа Библијата вели дека ”Бог не се воздржа да ги казни ангелите кои згрешиле, туку, фрлајќи ги во Тартар, ги предал во бездната на длабока темнина за да ги сочува за суд“ (2. Петрово 2:4, NW).

12. (а) Што се случило со злите ангели по враќањето на небото? (б) Зошто повеќе не можеле да земаат човечки тела? (в) Што прават сега тие?

12 Тие зли ангели не се фрлени дословно во место наречено Тартар. Зборот Тартар, кој во некои преводи на Библијата погрешно е преведен со ”пекол“, се однесува на понижената или падната состојба во која се наоѓаат тие паднати ангели. Тие се отсечени од духовната светлина на Божјата организација и единствено им преостанува само да чекаат на вечното уништување (Јаков 2:19; Јуда 6). Од потопот па наваму, на тие демонски ангели Бог повеќе не им допуштил да земаат тела од крв и месо, така што не можат на директен начин да ги задоволуваат своите неприродни полни желби. Но, тие и понатаму можат да вршат опасна моќ врз мажите и жените. Со помош на тие демони, Сатана, ја заведува ’целата населена Земја‘ (Откровение 12:9, NW). Денешниот пораст на сексуалните злосторства, насилството и разни други зла покажуваат дека мораме да бидеме посебно будни да не нѐ заведат Сатана и демоните.

КАКО ЗЛИТЕ ДУХОВИ ГИ ЗАВЕДУВААТ ЛУЃЕТО

13. (а) Како злите духови ги заведуваат луѓето? (б) Што е спиритизам и што вели Библијата за него?

13 Веќе научивме дека Сатана, ’богот на овој свет‘, се служи со светските влади и лажната религија за да ги заслепи луѓето за библиските вистини (2. Коринтјаните 4:4, NW). Едно друго важно средство со кое се служат злите духови за да ги заведат мажите и жените е спиритизмот. Што е тоа спиритизам? Спиритизмот е соработка со злите духови, било на директен начин или преку човечки посредник (медиум). Преку спиритизам се доаѓа под влијание на демоните. Библијата нѐ предупредува да се вардиме од сѐ што е поврзано со спиритизам (Галатјаните 5:19–21; Откровение 21:8).

14. (а) Што е гатање? (б) Што вели Библијата за тоа?

14 Гатањето е многу раширена форма на спиритизам. Тоа е настојување со помош на невидливите духови да се дознае нешто за иднината или непознатото. Потврда за тоа наоѓаме во извештајот на христијанскиот ученик Лука: ”Нѐ сретна една слугинка која имаше дух, гатарски демон. Таа им донесуваше голема заработка на своите господари со вештината на претскажувањето.“ Апостол Павле го ослободил девојчето од моќта на тој зол дух и повеќе не можела да ја претскажува иднината (Дела на апостолите 16:16–19, NW).

15. (а) Наведи некои работи поврзани со спиритизам? (б) Зошто е опасно да се занимаваме со такви работи?

15 Многу луѓе се интересираат за спиритизмот, затоа што тоа е нешто мистично, непознато. Тоа ги примамува. Затоа се впуштаат во гатање, вуду култ, хипноза, магија, астрологија, алфабетски таблици или други работи кои се поврзани со спиритизмот. Читаат книги за тоа, гледаат филмови во кино или на телевизија кои се поврзани со тоа. Можеби посетуваат состаноци на кои некој човек медиум се обидува да воспостави врска со духовниот свет. Но, сето тоа е многу неразумно за оној кој сака да му служи на вистинскиот Бог. Исто така е опасно затоа што може да западне во големи тешкотии. Бог ќе им суди и ќе ги уништи сите оние кои се занимаваат со спиритизам (Откровение 22:15).

16. Како Библијата покажува дека христијаните мораат да се борат против злите духови?

16 Ако некој навистина се труди да ја избегне секоја врска со спиритизмот, злите духови можат да го нападнат. Сети се дека Исус Христос слушнал глас од Ѓаволот кој сакал да го наведе да го прекрши Божјиот закон (Матеј 4:8, 9). Такви напади доживеале и други Божји слуги. Апостол Павле рекол: ”Нашата војна е (...) против злите духовни сили во небесните простори.“ Тоа значи дека секој Божји слуга мора ’да ја земе комплетната Божја воена опрема за да може да се спротивстави‘ (Ефесјаните 6:11–13, NW).

ДА СЕ ОДБИЈАТ НАПАДИТЕ ОД ЗЛИТЕ ДУХОВИ

17. Што треба да сториш ако слушнеш ”глас“ од духовниот свет?

17 Што треба да сториш ако слушнеш дека ти зборува некој ”глас“ од духовниот свет? Што ако ”гласот“ се претставува како некој умрен роднина или како добар дух? Што направил Исус кога му се јавил ’владетелот на демоните‘? (Матеј 9:34, NW). Тој рекол: ”Оди си, Сатано!“ (Матеј 4:10, NW). И ти можеш да постапиш така. Освен тоа, можеш да му се обратиш на Јехова за помош така што гласно ќе го молиш, употребувајќи го неговото име. Сети се дека тој е посилен од злите духови. Биди мудар и направи така. Не слушај ги гласовите од духовниот свет (Изреките 18:10; Јаков 4:7). Но, тоа не значи дека секого кој слуша ”гласови“ го мачат демони. Понекогаш појавата на такви гласови може да биде предизвикана од физичка или душевна болест.

18. Како примерот на првите христијани од Ефес ни помага да се ослободиме од спиритизмот?

18 Некогаш можеби и самиот си гатал, а сега сакаш да се ослободиш од тоа. Што треба да сториш? Разгледај го примерот на првите христијани од Ефес. Откако ја прифатиле ’речта Јеховина‘ која им ја објавил апостол Павле, ”многу од оние кои се бавеа со гатање ги донесуваа книгите и ги спалуваа пред сите.“ А тие книги вределе 50000 сребреници! (Дела на апостолите 19:19, 20, Ст). Значи, ако имаш предмети кои се во директна врска со спиритизмот, мудро е да постапиш како Христовите следбеници во Ефес — да ги уништиш, сеедно колку се скапи.

19. (а) Што не знаат повеќето луѓе кои се бават со спиритизам? (б) Што мораме да сториме ако сакаме вечно да живееме во среќа на Земјата?

19 Бидејќи денес владее толку голем интерес за непознатото и таинственото, сѐ повеќе луѓе се впуштаат во спиритизам. Но, поголемиот дел од тие луѓе не знаат дека на тој начин доаѓаат во врска со злите духови. Тоа не е безопасна игра. Злите духови имаат моќ да нанесат зло, тие се злобни. Но, пред да бидат уништени од Христос, тие преземаат сѐ што е во нивна моќ за да ги заведат луѓето со своето лошо влијание (Матеј 8:28, 29). Ако сакаш вечно да живееш во среќа на Земјата откако ќе биде отстрането сето зло, мораш да се вардиш од демонско влијание и да избегнуваш секаков вид на спиритизам.

[Слика на страница 91]

Со кого стапил во врска спиритистичкиот медиум од Ен–Дор?

[Слики на страници 92 и 93]

Ангелските Божји синови ги забележале човечките ќерки

[Слика на страница 94]

Материјализираните ангели не се удавиле. Тие ги напуштиле своите човечки тела и се вратиле на небото

[Слика на страница 97]

Библијата нѐ опоменува да избегнуваме секаков вид на спиритизам

[Слика на страница 98]

Оние кои во Ефес станале христијани, ги спалиле своите спиритистички книги — добар пример за нас денес

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели