-
Во стапицата на брак без љубовРазбудете се! 2001 | 8 Април
-
-
Во стапицата на брак без љубов
„Во општество каде што има висока стапка на развод, не само што повеќе несреќни бракови завршуваат со развод туку и повеќе бракови стануваат несреќни“ (СЕМЕЈНИОТ СОВЕТ НА АМЕРИКА).
СЕ ВЕЛИ дека голем дел од радоста и голем дел од бедата во животот доаѓаат од ист извор — од бракот. Навистина, малку работи во животот можат да предизвикаат толкав восхит — или толкава болка. Како што покажува придружната рамка, многу двојки повеќе припаѓаат во втората група.
Но, статистиките за развод откриваат само дел од проблемот. На секој брак што потонува, безброј други остануваат на површината, но заглавени се во застоени води. „Некогаш бевме среќно семејство, но последниве 12 години беа ужасни“, се доверила една жена која е во брак повеќе од 30 години. „Мојот сопруг не е заинтересиран за моите чувства. Тој навистина ми е најголем емоционален непријател.“ На сличен начин, еден човек кој е сопруг речиси 25 години, се жалел: „Мојата сопруга ми рече дека повеќе не ме сака. Таа вели дека, ако можеме да живееме само како цимери и секој да си оди по свој пат во слободното време, тогаш ситуацијата ќе може да биде поднослива“.
Се разбира, кога ќе се најдат во таква критична ситуација, некои го раскинуваат својот брак. Меѓутоа, за многумина разводот не доаѓа предвид. Зошто? Според д-р Карен Кајзер, некои фактори како што се децата, срамот од другите луѓе, финансиите, пријателите, роднините и религиозните верувања можат да одржат една двојка да биде заедно, па дури и ако меѓу нив нема љубов. „Наместо законски да се разведат“, вели таа, „овие сопружници одлучуваат да останат со партнерот од кого емоционално се развеле.“
Мора ли една брачна двојка чии меѓусебни односи се оладени да се помири со живот исполнет со незадоволство? Дали бракот без љубов е единствената алтернатива на разводот? Искуството докажува дека многу бракови кои се во неволја можат да се спасат — не само од агонијата на раскинувањето туку и од бедата на меѓусебниот однос во кој не владее љубов.
-
-
Зошто љубовта исчезнува?Разбудете се! 2001 | 8 Април
-
-
Зошто љубовта исчезнува?
„Изгледа дека е многу полесно да се вљубиш отколку да останеш вљубен“ (Д-Р КАРЕН КАЈЗЕР).
МОЖЕБИ не изненадува тоа што има сѐ повеќе бракови без љубов. Бракот е сложен меѓучовечки однос и многумина влегуваат во него со мала подготовка. „Од нас се бара да покажеме извесно знаење за да добиеме возачка дозвола“, забележува д-р Дин С. Едел, „но дозвола за брак може да се добие само со еден потпис.“
Затоа, иако многу бракови се успешни и навистина се среќни, во многу други бракови владеат напнати односи. Можеби едниот или двата сопружника влегле во брак со големи очекувања, но ги немаат вештините кои се неопходни за да се одржува долготрајна врска. „Кога луѓето првпат ќе се зближат“, објаснува д-р Хари Рајс, „тие чувствуваат огромна меѓусебна доверба.“ Чувствуваат како нивниот партнер да е „единствената личност на земјата кој ги гледа работите на ист начин. Понекогаш ова чувство исчезнува, а кога ќе дојде до тоа, бракот може да настрада“.
За среќа, многу бракови не доаѓаат до таа точка. Но, ајде накратко да разгледаме неколку фактори кои во некои случаи биле причина за да исчезне љубовта.
Разочарување — „Ова не е тоа што го очекував“
„Кога се омажив за Џим“, вели Роуз, „мислев дека ќе бидеме локална верзија на заспаната убавица и убавиот принц на бел коњ — вистинска романтика, нежност и обѕирност еден кон друг.“ Сепак, по некое време, „принцот“ на Роуз повеќе не бил толку убав. „На крајот бев ужасно разочарана од него“, вели таа.
Многу филмови, книги и популарни песни даваат нереална слика за љубовта. Додека трае додворувањето, еден маж и една жена можеби мислат дека им се остварува некој сон; но, по неколку години брак доаѓаат до заклучок дека мора да сонувале! Ако нешто не е толку убаво како во романтичната приказна од некоја книга, дури и еден добар брак може да изгледа како чисто промашување.
Се разбира, некои очекувања од бракот се сосема на место. На пример, исправно е да се очекува љубов, внимание и поддршка од брачниот другар. Сепак, дури и овие желби можат да останат неостварени. „Речиси имам чувство како да не сум во брак“, вели Мина, млада невеста од Индија. „Се чувствувам осамена и запоставена.“
Неусогласеност — „Немаме ништо заедничко“
„Мојот сопруг и јас се разликуваме за 180 степени речиси во сѐ “, вели една жена. „Не поминува ниту еден ден а горко да не зажалам што се омажив за него. Воопшто не си одговараме“.
-
-
Има ли причина за надеж?Разбудете се! 2001 | 8 Април
-
-
Има ли причина за надеж?
„Еден проблем кај несреќните бракови е цврстата увереност дека работите не можат да се подобрат. Ваквото уверување спречува промени бидејќи ја одзема мотивацијата да се прават конструктивни обиди“ (Д-Р АРОН Т. БЕК).
ЗАМИСЛЕТЕ дека Ве боли нешто и одите на лекарски преглед. Загрижени сте — и тоа е сосема разбирливо. Во прашање е Вашето здравје — па дури и Вашиот живот, зарем не? Но, да претпоставиме дека, по прегледот, лекарот Ви кажува добра вест дека, иако Вашиот проблем воопшто не е безначаен, тој може да се излекува. Всушност, лекарот Ви вели дека, ако внимателно се придржувате за една разумна програма на исхрана и вежбање, може да очекувате сосема да закрепнете. Несомнено ќе почувствувате големо олеснување и радосно ќе го послушате неговиот совет!
Споредете го ова сценарио со темата за која зборуваме. Дали нешто „боли“ во Вашиот брак? Се разбира, во секој брак ќе има проблеми и несогласувања. Затоа, тоа што ќе минете низ некои тешки моменти во Вашата врска не значи дека во Вашиот брак не владее љубов. Но, што ако болната ситуација потрае неколку седмици, месеци, па дури и години? Во тој случај, со право сте загрижени бидејќи тоа не е безначајна работа. Всушност, квалитетот на Вашиот брак може да влијае речиси врз секој аспект од Вашиот живот — и од животот на Вашите деца. На пример, се верува дека несреќниот брак може да биде главен фактор за проблемите како што се депресијата, ниската продуктивност на работното место и слабиот успех на децата во училиште. Но, тоа не е сѐ. Христијаните признаваат дека односот што го имаат со својот сопружник може да влијае и врз нивниот однос со Бог (1. Петрово 3:7).
Фактот што има проблеми помеѓу Вас и Вашиот сопружник не значи дека ситуацијата е безнадежна. Соочувањето со реалноста на бракот — дека ќе има предизвици — може да ѝ помогне на една двојка да ги согледа проблемите во исправно светло и да работи на тоа да се решат. Еден сопруг по име Исак вели: „Немав поим дека е нормално двојките да имаат добри и лоши моменти во нивната брачна среќа. Мислев дека нешто не е во ред со нас!“
Дури и ако во Вашиот брак повеќе нема љубов, тој може да се спаси. Вистина е дека раните кои настанале заради тоа што меѓусебниот однос бил нарушен можат да бидат длабоки, особено ако проблемите траеле со години. Сепак, постои една силна причина за надеж. Клучен фактор е мотивацијата. Дури и две личности кои имаат сериозни брачни проблеми можат
-
-
Вашиот брак може да се спаси!Разбудете се! 2001 | 8 Април
-
-
Вашиот брак може да се спаси!
Во Библијата има изобилство практични совети кои можат да им користат на сопрузите и сопругите. Ова не изненадува, бидејќи Оној кој ја инспирирал Библијата е Основач и на брачното уредување.
БИБЛИЈАТА дава реалистична слика за бракот. Таа потврдува дека сопругот и сопругата ќе имаат „неволја“ или, како што вели преводот New English Bible, „болка и тага“ (1. Коринќаните 7:28). Сепак, Библијата исто така вели дека бракот може и треба да биде извор на радост, па дури и на восхит (Пословици 5:18, 19, NW). Овие две мислења не се контрадикторни. Тие само покажуваат дека, и покрај сериозните проблеми, една двојка може да има близок однос во кој владее љубов.
-