-
Зошто вистинските христијани не користат крст за да го обожаваат БогШто навистина учи Библијата?
-
-
Тогаш, зошто се раширила употребата на овој пагански симбол? Очигледно, за да им се олесни на паганите да го прифатат „христијанството“. Меѓутоа, во Библијата јасно се осудува обожавањето на кој и да е пагански симбол (2. Коринќаните 6:14-18). Во Светото писмо се забранети и сите облици на идолопоклонство (2. Мојсеева 20:4, 5; 1. Коринќаните 10:14). Затоа, вистинските христијани со многу добра причина не користат крст за да го обожаваат Бог.a
-
-
Господаровата вечера — прослава со која му се оддава чест на БогШто навистина учи Библијата?
-
-
ДОДАТОК
Господаровата вечера — прослава со која му се оддава чест на Бог
НА ХРИСТИЈАНИТЕ им е заповедано да се сеќаваат на Христовата смрт и да ја одбележуваат. Таа Спомен-свеченост е наречена и „Господаровата вечера“ (1. Коринќаните 11:20). Зошто е толку значајна? Кога и како треба да се одбележува?
Исус Христос ја вовел оваа прослава на истата ноќ кога се одржувала еврејската Пасха во 33 год. од н.е. Пасхата се прославувала само еднаш годишно, на 14-тиот ден од еврејскиот месец нисан. Изгледа дека Евреите го пресметувале тој датум според пролетната рамноденица. Тогаш денот и ноќта траат по околу 12 часа. Првата млада месечина што можела да се види најблизу до пролетната рамноденица го означувала првиот ден од месецот нисан. Пасхата била 13 дена подоцна.
Исус ја прославил Пасхата со своите апостоли и, откако си заминал Јуда Искариот, ја воспоставил Господаровата вечера. Овој оброк ја заменил еврејската Пасха и затоа треба да се одбележува само еднаш годишно.
Во Евангелието по Матеј пишува: „Исус зеде леб, кажа благослов, го раскрши, па им го раздели на учениците и рече: ,Земете, јадете! Ова го претставува моето тело‘. И зеде чаша, му се заблагодари на Бог и им даде, велејќи: ,Пијте од неа сите, бидејќи ова ја претставува мојата „крв на сојузот“, која ќе се пролее за мнозина заради простување на гревовите!‘“ (Матеј 26:26-28).
Некои веруваат дека Исус го претворил лебот во своето дословно тело, а виното во својата крв. Меѓутоа, кога Исус го понудил овој леб, неговото дословно тело сѐ уште не било повредено. Дали апостолите навистина го јаделе Исусовото дословно тело и ја пиеле неговата крв? Не, бидејќи тоа би било канибализам и прекршување на Божјиот закон (1. Мојсеева 9:3, 4; 3. Мојсеева 17:10). Според Лука 22:20, Исус рекол: „Оваа чаша го претставува новиот сојуз на темел на мојата крв, која ќе се пролее за вас“. Дали таа чаша дословно станала „новиот сојуз“? Тоа би било невозможно, бидејќи сојузот е договор, а не некој опиплив предмет.
Според тоа, и лебот и виното се само симболи. Лебот го симболизира Христовото совршено тело. Исус употребил леб што останал од пасхалниот оброк. Тој леб бил направен без квасец (2. Мојсеева 12:8). Во Библијата квасецот често се користи како симбол за грев или расипаност. Според тоа, лебот го претставува совршеното тело што го жртвувал Исус. Тоа било безгрешно (Матеј 16:11, 12; 1. Коринќаните 5:6, 7; 1. Петрово 2:22; 1. Јованово 2:1, 2).
Црвеното вино ја претставува Исусовата крв. Со таа крв станува полноважен новиот сојуз. Исус рекол дека неговата крв била пролеана „заради простување на гревовите“. На тој начин и несовршени луѓе можат да станат чисти во Божји очи и да бидат вклучени во новиот сојуз со Јехова (Евреите 9:14; 10:16, 17). Благодарение на овој сојуз, или договор, 144.000 верни христијани имаат можност да одат на небото. Таму ќе служат како цареви и свештеници, за благослов на целото човештво (1. Мојсеева 22:18; Еремија 31:31-33; 1. Петрово 2:9; Откровение 5:9, 10; 14:1-3).
Кој треба да зема од симболите на Спомен-свеченоста? Логично, од лебот и од виното треба да земаат само оние со кои е склучен новиот сојуз — односно оние што имаат надеж да одат на небото. Божјиот свет дух ги уверува дека се избрани да бидат цареви на небото (Римјаните 8:16). Тие се и во сојузот за Царството со Исус (Лука 22:29).
А што е со оние кои имаат надеж да живеат вечно во рај на Земјата? Тие ја слушаат Исусовата заповед и присуствуваат на Господаровата вечера, но не земаат од лебот и виното туку се само набљудувачи исполнети со почит. Еднаш годишно, по зајдисонце на 14 нисан, Јеховините сведоци ја одбележуваат Господаровата вечера. Иако само неколку илјади во светот изјавуваат дека имаат небесна надеж, овој настан е од исклучителна важност за сите христијани. Тоа е пригода кога сите можат да размислуваат за бескрајната љубов на Јехова Бог и на Исус Христос (Јован 3:16).
-
-
„Душа“ и „дух“ — кое е точното значење на овие зборови?Што навистина учи Библијата?
-
-
ДОДАТОК
„Душа“ и „дух“ — кое е точното значење на овие зборови?
НА ШТО помислуваш кога ќе ги чуеш зборовите „душа“ или „дух“? Мнозина мислат дека со овие зборови се означува нешто невидливо и бесмртно што постои во нас. Тие мислат дека при смртта овој невидлив дел од човекот излегува од телото и продолжува да живее. Бидејќи ова верување е толку раширено, многу луѓе се изненадени кога ќе дознаат дека Библијата воопшто не учи такво нешто. Тогаш, што вели Божјата Реч — што е душата, а што духот?
КАКО СЕ КОРИСТИ ВО БИБЛИЈАТА ЗБОРОТ „ДУША“
Најнапред да го разгледаме зборот „душа“. Веројатно се сеќаваш дека Библијата била пишувана главно на хебрејски и на грчки јазик. Кога ја спомнувале душата, библиските писатели ги користеле хебрејскиот збор нефеш или грчкиот збор психи́. Овие два збора се појавуваат преку 800 пати во Библијата, а во Преводот Нов свет се преведени
-