ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 88
  • Богаташот и Лазар

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Богаташот и Лазар
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Богаташот и Лазар доживуваат промена
  • Богаташот и Лазар доживеале промена
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус го воскреснал Лазар
    Поуки од Библијата
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 88

Поглавје 88

Богаташот и Лазар

ИСУС им зборува на своите ученици за исправното користење на материјалното богатство, објаснувајќи дека не можеме истовремено да бидеме робови на богатството и на Бог. Слушаат и фарисеите, и почнуваат да му се потсмеваат на Исус бидејќи и самите се љубители на пари. Затоа, тој им вели: „Вие сте тие кои себеси се прогласувате за праведни пред луѓето, но Бог ги познава вашите срца; зашто она што меѓу луѓето е возвишено, во Божји очи е одвратно“.

Дојдено е времето да се промени состојбата на луѓето кои се богати со световни добра, политичка моќ, како и религиозна контрола и влијание. Тие треба да бидат понижени. Меѓутоа, луѓето кои ги признаваат своите духовни потреби треба да бидат возвишени. Исус укажува на една таква промена кога понатаму им вели на фарисеите:

„Законот и Пророците беа до Јован [Крстител]. Оттогаш Божјето царство се објавува како добра вест, и сите видови луѓе се пробиваат напред кон него. Навистина, полесно е небото и земјата да поминат, отколку да остане неисполнето едно делче од буква на Законот“.

Книжниците и фарисеите се горди на своето тврдење дека се придржуваат кон Законот на Мојсеј. Сети се како се фалеа кога Исус со чудо му го врати видот на еден човек во Ерусалим: „Ние сме ученици на Мојсеј. Ние знаеме дека Бог му говорел на Мојсеј“. Меѓутоа, сега Мојсеевиот закон ја исполнува својата цел — да ги доведе понизните до Божјиот назначен Цар, Исус Христос. Затоа, со почетокот на службата на Јован, секакви луѓе, а особено понизните и сиромашните, се напрегаат да станат поданици на Божјето Царство.

Бидејќи сега се исполнува Мојсеевиот закон, престанува обврската за негово држење. Законот дозволува развод на различни основи, но Исус сега вели: „Секој кој се разведува од својата жена и се жени со друга, врши прељуба, и кој се жени со жена која е разведена од мажот, врши прељуба“. Колку само таквите објави мора да ги нервираат фарисеите, особено затоа што тие дозволуваат развод на многу основи!

Продолжувајќи да им ги упатува своите забелешки на фарисеите, Исус им раскажува една илустрација во која се работи за двајца луѓе чиј статус, или ситуација, на крај драматично се менува. Дали можеш да одредиш кого го претставуваат тие луѓе и што значи промената на нивната ситуација?

„А еден човек беше богат“, објаснува Исус, „и се облекуваше во пурпур и ленено платно, и од ден на ден уживаше во раскош. А некојси питач по име Лазар го ставаа пред неговата порта, целиот со чиреви, и сакаше да се насити со она што паѓаше од масата на богаташот. Да, и кучињата доаѓаа и му ги лижеа чиревите.“

Исус овде го употребува богаташот за да ги претстави еврејските верски водачи, во кои спаѓаат не само фарисеите и книжниците туку и садукеите и главните свештеници. Тие се богати во поглед на духовните предности и можности, и се однесуваат како богаташот. Нивната облека од царски пурпур ја претставува нивната поволна положба, а белиот лен ја претставува нивната самоправедност.

Оваа класа на горделивиот богаташ ги гледа сиромашните, обичните луѓе со краен презир, нарекувајќи ги ам хаарец, односно луѓе од земја. Според тоа, питачот Лазар ги претставува оние луѓе кои верските водачи ги лишуваат од соодветна духовна прехрана и предности. Значи, како што Лазар бил прекриен со чиреви така и обичните луѓе се презрени како духовно заболени и погодни да се дружат само со кучиња. Сепак, лицата од класата на Лазар се гладни и жедни за духовна храна и затоа се наоѓаат крај портата, и бараат да добијат каков и да е скуден залак духовна храна што може да падне од масата на богаташот.

Сега Исус продолжува опишувајќи ја промената на состојбата на богаташот и на Лазар. Какви се овие промени, и што претставуваат тие?

Богаташот и Лазар доживуваат промена

Богаташот ги претставува верските водачи кои се повластени со духовни предности и можности, а Лазар ги претставува обичните луѓе кои гладуваат за духовна храна. Исус ја продолжува својата приказна, опишувајќи драматична промена на околностите на обајцата.

„А со текот на времето“, вели тој, „умре питачот и ангелите го однесоа во прегратката на Авраам. А умре и богаташот и беше погребан. А во Хадесот ги подигна своите очи додека беше во маки, и во далечина го виде Авраам со Лазар во неговата прегратка.“

Бидејќи богаташот и Лазар не се дословни личности туку симболизираат класи луѓе, логично е дека и нивната смрт е исто така симболична. Што симболизира или претставува нивната смрт?

Исус штотуку завршил со укажувањето на промената на околностите со тоа што рекол дека ‚Законот и Пророците беа до Јован Крстител, но оттогаш се објавува Божјето царство‘. Според тоа, со проповедањето на Јован и на Исус Христос, и богаташот и Лазар умираат во поглед на своите поранешни околности, или состојба.

Оние од понизната, покајничка класа на Лазар умираат во поглед на нивната поранешна духовно сиромашна состојба и доаѓаат во положба на божествена наклоност. Додека порано зависеле од она малку што паѓало од духовната трпеза на верските водачи, сега библиските вистини кои ги дели Исус ги задоволуваат нивните потреби. На тој начин се доведени во прегратката, или во поволната положба на Поголемиот Авраам, Јехова Бог.

Од друга страна, пак, оние кои ја сочинуваат класата на богаташот доаѓаат под Божја немилост бидејќи упорно одбиваат да ја прифатат пораката за Царството за која поучувал Исус. Затоа умираат во поглед на својата поранешна положба на привидна наклоност. Всушност, за нив се зборува дека се наоѓаат во состојба на фигуративно измачување. Да чуеме сега додека зборува богаташот:

„Татко Аврааме, смилувај ми се и испрати го Лазар да го натопи врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, бидејќи се мачам во овој разгорен оган“. Божјите огнени пораки на осуда што ги објавуваат Исусовите ученици ги измачуваат поединците од класата на богаташот. Тие сакаат учениците да престанат со објавувањето на тие пораки, и со тоа да им овозможат донекаде да се ослободат од маките.

„Но Авраам рече: ‚Дете, сети се дека во потполност си ги прими своите добра додека беше жив, а Лазар, пак, она што е лошо. Меѓутоа, тој сега се утешува овде, а ти се мачиш. И освен сето тоа, меѓу нас и вас е поставена голема провалија, така што оние кои сакаат одовде да преминат кај вас, не можат, а ниту оние оттаму можат да преминат кај нас‘.“

Колку само е праведно и соодветно што доаѓа до еден ваков драматичен пресврт меѓу класата на Лазар и класата на богаташот! Промената на состојбата се случува после неколку месеци, на Пентекост 33 н.е., кога стариот сојуз на Законот се заменува со новиот сојуз. Тогаш станува непогрешливо јасно дека Божјата наклоност ја имаат учениците, а не фарисеите и другите верски водачи. Според тоа, ‚големата провалија‘ која го одвојува симболичниот богаташ од Исусовите ученици го претставува Божјиот непроменлив, праведен суд.

Потоа, богаташот го моли ‚таткото Авраам‘: „Да го испратиш [Лазар] во куќата на мојот татко, зашто имам петмина браќа“. Со тоа богаташот признава дека има поблизок однос со еден друг татко, кој е всушност Сатана Ѓаволот. Богаташот бара Лазар да ги ублажи Божјите пораки на осуда за да не ги стави неговите „петмина браќа“, неговите верски сојузници, во „ова место на мачење“.

„Но Авраам рече: ‚Ги имаат Мојсеј и Пророците; нека ги слушаат нив!‘“ Да, за да го избегнат измачувањето, сѐ што треба да прават ‚петтемина браќа‘ е да обрнат внимание на записите на Мојсеј и на Пророците кои го идентификуваат Исус како Месијата, и потоа да станат негови ученици. Но, богаташот приговара: „Не, татко Аврааме, туку ако некој од мртвите оди кај нив, тие ќе се покаат“.

Меѓутоа, нему му се кажува: „Ако не ги слушаат Мојсеј и Пророците, нема да се уверат ниту ако стане некој од мртвите“. Бог нема да прави посебни знаци или чуда да ги уверува луѓето. Ако сакаат да ја добијат неговата наклоност, тие мора да го читаат и применуваат Писмото. Лука 16:14—31; Јован 9:28, 29; Матеј 19:3—9; Галатите 3:24; Колошаните 2:14; Јован 8:44.

▪ Зошто смртта на богаташот и на Лазар сигурно е симболична, и што претставува таа?

▪ Каква промена, според укажувањето на Исус, се случила во почетокот на службата на Јован?

▪ Што треба да се отстрани после Исусовата смрт, и како тоа ќе влијае на прашањето за разводот?

▪ Кои се претставени со богаташот и со Лазар во Исусовата илустрација?

▪ Што се маките кои ги трпи богаташот, и на кој начин бара да се ослободи од нив?

▪ Што претставува ‚големата провалија‘?

▪ Кој е вистинскиот татко на богаташот, и кои се неговите петмина браќа?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели