ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 84
  • Одговорноста на учеништвото

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одговорноста на учеништвото
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Што значело да се биде ученик на Христос
    Исус — патот, вистината и животот
  • Солта — скапоцен производ
    Разбудете се! 2002
  • Оние што станале ученици на Исус
    Учи од Големиот Учител
  • Најпрочуената проповед која некогаш била одржана
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 84

Поглавје 84

Одговорноста на учеништвото

ПО НАПУШТАЊЕТО на куќата на истакнатиот фарисеј, кој изгледа е член на Синедрионот, Исус продолжува кон Ерусалим. Го следат големи мноштва. Но, какви се нивните мотиви? Што сѐ е, всушност, вклучено во тоа да се биде негов вистински следбеник?

Додека патуваат, Исус се свртува кон мноштвата и можеби ги шокира кога им вели: „Ако некој дојде кај мене, а не го мрази својот татко и мајка и жена и деца и браќа и сестри, да, дури и својата душа, не може да биде мој ученик“.

Што мисли Исус со ова? Тој овде не вели дека неговите следбеници треба буквално да ги мразат своите роднини. Не, туку тие мора да ги мразат во смисла да ги сакаат помалку отколку што го сакаат него. За Исусовиот предок Јаков се вели дека ја ‚мразел‘ Лија а ја сакал Рахела, што значело дека Лија била сакана помалку отколку нејзината сестра Рахела.

Размисли исто така за Исусовите зборови дека еден ученик треба да ја мрази „дури и својата душа“, или животот. Повторно, Исус мисли на тоа дека вистинскиот ученик мора да го сака Него дури повеќе отколку што го сака сопствениот живот. На тој начин Исус нагласува дека да се стане негов ученик е сериозна одговорност. Тоа не е нешто што се презема без внимателно размислување.

Да се биде Исусов ученик вклучува неволји и прогонства, како што тој покажува понатаму: „Кој не го носи својот маченички столб и не оди по мене, не може да биде мој ученик“. Значи, вистинскиот ученик мора да биде спремен да го поднесе истиот товар на прекор кој го поднел и Исус, што вклучува, ако е потребно, дури и да умре од рацете на Божјите непријатели, како што наскоро ќе стори и Исус.

Затоа, да се биде ученик на Христос е работа која мноштвата кои го следеле требало многу внимателно да ја проанализираат. Исус го нагласува овој факт со една илустрација. „На пример“, вели тој, „кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот за да види дали има доволно за да ја доврши? Инаку би можел да го постави нејзиниот темел, но да не може да ја доврши, па сите кои гледаат би почнале да му се смеат, говорејќи: ‚Овој човек почна да гради, но не можеше да доврши‘.“

На тој начин Исус им илустрира на мноштвата кои го следат дека, пред да станат негови ученици, треба да бидат цврсто решени да можат и да го исполнат она што е вклучено, исто како што еден човек кој сака да гради кула, пред да почне со градбата се осигурува дека има средства за да ја доврши. Раскажувајќи им уште една илустрација, Исус продолжува:

„Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, првин не седнува и не се посоветува дали може со десет илјади војници да му се спротивстави на оној кој доаѓа против него со дваесет илјади? А ако, всушност, не може, тогаш додека оној уште е далеку, испраќа пратеништво и моли за мир“.

Тогаш Исус ја истакнува поентата на своите илустрации, велејќи: „Според тоа, бидете сигурни дека никој од вас кој не се простил од сѐ што има, не може да биде мој ученик“. Тоа е она што мора да бидат спремни да го сторат мноштвата кои го следат и, да, секој друг кој учи за Христос. Тие мора да бидат спремни да жртвуваат сѐ што имаат — сиот свој имот, вклучувајќи го и самиот живот — доколку сакаат да бидат негови ученици. Дали ти си спремен да го сториш тоа?

„Секако, солта е добра“, продолжува Исус. Во својата Проповед на гората тој рече дека неговите ученици се „солта на земјата“, мислејќи со тоа дека тие имаат заштитно влијание врз луѓето, исто како што дословната сол е заштита. „Но ако дури и солта стане блуткава, со што ќе се зачини? Не е добра ниту за почвата ниту за ѓубриво“, заклучува Исус. „Ја фрлаат надвор. Кој има уши да слуша, нека слуша!“

Со ова Исус покажува дека дури и оние кои веќе се негови ученици не смеат да попуштат во својата решеност да продолжат. Ако го сторат тоа, ќе станат бескорисни, предмет на исмејување во овој свет и неподобни пред Бог, всушност, прекор за Бог. Така, како и слабата, расипана сол, тие ќе бидат исфрлени надвор, да, уништени. Лука 14:25—35; Битие 29:30—33; Матеј 5:13.

▪ Што значи да се ‚мразат‘ роднините и себеси?

▪ Кои две илустрации ги дава Исус, и што значат тие?

▪ Која е поентата на Исусовите заклучни коментари во врска со солта?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели