ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 96
  • Исус и богатиот млад владетел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус и богатиот млад владетел
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Исус и богатиот млад поглавар
    Исус — патот, вистината и животот
  • Еден владетел донесува лоша одлука
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Мораат ли христијаните да бидат сиромашни?
    Разбудете се! 2003
  • Дали си „богат пред Бог“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 96

Поглавје 96

Исус и богатиот млад владетел

ДОДЕКА Исус поминува низ областа Переја кон Ерусалим, му притрчува еден млад човек и паѓа на колена пред него. Тој човек е наречен владетел, што веројатно укажува дека зазема истакната положба во локалната синагога или дури дека е член на Синедрионот. Исто така, тој е многу богат. „Учителе Добар“, прашува тој, „што морам да правам за да наследам вечен живот?“

„Зошто ме нарекуваш добар?“, одговара Исус. „Никој не е добар, освен еден — Бог.“ Веројатно младиот човек го користи зборот „добар“ како титула, па затоа Исус му дава до знаење дека таква титула му припаѓа единствено на Бог.

„Но“, продолжува Исус, „ако сакаш да влезеш во живот, постојано држи ги заповедите.“

„Кои?“, прашува човекот.

Наведувајќи пет од Десетте заповеди, Исус одговара: „Па: Не убивај, Не врши прељуба, Не кради, Не сведочи лажно, Искажувај им чест на татка си и мајка си“. И додавајќи една уште поважна заповед, Исус вели: „Љуби го својот ближен како себеси“.

„Сето тоа го држев од својата младост“, одговара човекот многу искрено. „Што уште ми недостига?“

Слушајќи го неговото длабоко, сесрдно барање Исус чувствува љубов кон него. Но, ја забележува и неговата приврзаност кон материјалните поседи, па затоа го истакнува она што му е потребно: „Едно ти недостига: Оди, продај го она што го имаш и дај го на сиромасите, и ќе имаш благо на небото, па дојди и биди мој следбеник“.

Исус гледа, несомнено со сожалување, како човекот станува и заминува длабоко ожалостен. Неговото богатство го прави слеп за вредноста на вистинското богатство. „Колку само ќе им биде тешко“, жали Исус, „на оние кои имаат пари да влезат во Божјето царство!“

Исусовите зборови ги вчудовидуваат учениците. Но, тие се уште повеќе изненадени кога тој понатаму наведува едно општо правило: „Всушност, полесно ѝ е на камила да помине низ увото од шијачка игла отколку на богаташ да влезе во Божјето царство“.

„Тогаш, всушност, кој може да се спаси?“, сакаат да знаат учениците.

Гледајќи право во нив, Исус одговара: „За луѓето тоа е невозможно, но не и за Бог, зашто за Бог сѐ е можно“.

Забележувајќи дека тие направиле еден сосема поинаков избор од богатиот млад владетел, Петар вели: „Еве! Ние оставивме сѐ и те следиме“. Затоа прашува: „Што, всушност, ќе има за нас?“

„При повторното создавање“, ветува Исус, „кога Синот човечки ќе седне на својот славен престол, вие кои сте ме следеле исто така ќе седите на дванаесет престоли и ќе им судите на дванаесетте Израелови племиња.“ Да, Исус покажува дека ќе има повторно создавање на условите на Земјата така што работите ќе бидат онакви какви што биле во градината Едем. А Петар и другите ученици ќе ја добијат наградата да владеат со Христос над тој Рај ширум Земјата. Сигурно дека таквата величествена награда е вредна за секаква жртва!

Меѓутоа, уште сега постојат награди, како што Исус одлучно наведува: „Нема таков кој оставил куќа или браќа или сестри или мајка или татко или деца или ниви поради мене и поради добрата вест, а да не добие стократно сега, во овој временски период: куќи и браќа и сестри и мајки и деца и ниви, под прогонства, а во системот на работи што доаѓа — вечен живот“.

Како што ветува Исус, каде и да појдат во светот, неговите ученици уживаат поблизок и поскапоцен однос со сохристијаните отколку со членовите на биолошкото семејство. Богатиот млад владетел изгледа ја губи и оваа награда и онаа за вечен живот во Божјето небесно Царство.

Исус понатаму додава: „Меѓутоа, мнозина кои се први, ќе бидат последни, а последните — први“. Што мисли со тоа?

Мисли дека многу луѓе кои се „први“ во уживањето религиозни предности, како и богатиот млад владетел, нема да влезат во Царството. Тие ќе бидат „последни“. Но многумина, вклучувајќи ги и Исусовите понизни ученици, кои од страна на самоправедните фарисеи се презрени како „последни“ — како да се луѓе од земја, или ам хаарец — ќе станат „први“. Нивното станување „први“ значи дека ќе ја добијат предноста да станат совладетели со Христос во Царството. Марко 10:17—31; Матеј 19:16—30; Лука 18:18—30.

▪ Каков владетел очигледно е богатиот млад човек?

▪ Зошто Исус приговара на тоа да биде наречен добар?

▪ Како искуството на младиот владетел ја илустрира опасноста од тоа да се биде богат?

▪ Какви награди им ветува Исус на своите следбеници?

▪ Како првите стануваат последни, а последните први?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели