Песна 207
На кого му припаѓаме?
1. На кого припаѓаш?
На кој Бог слугуваш?
Ти имаш само еден Бог;
твој господар е, слушај го.
Не, немај бога два
да не те отфрлат.
Ти поделен да си на двајцата,
не ќе те сакаат.
2. На кого припаѓаш?
На кој Бог слугуваш?
На лажен ил’ на правиот,
знај, твој е сега изборот.
Дал’ уште верен си
на светов сатански?
Ил’ ти ќе го слушаш правиот Бог,
свој завет вршејќи.
3. На кого припаѓам?
На Бог Јехова, знам.
Со радост ќе му слугувам;
од него не отстапувам.
Ме купи скапо тој
со крвта Христова.
На луѓето веќе не слугувам,
во свет не се враќам.
4. На Бог припаѓаме!
Да, без сомнение.
Тој единство ни претскажа
— во трлото превладува.
Ко масло мирисно
при помазание,
на состанок сите радосни сме;
од Реч се храниме.