Песна 82
Жените се голема војска
1. Јехова Бог самиот рекол,
да, објавителките се
ко голема војска што оди
и сведочи насекаде.
Стануваат уште во зори,
се грижат за целиот дом.
Со план, а и марлива служба
се успешни во делото.
2. За нашите марливи сестри,
Јехова Бог го молиме.
За постигнувањата в служба,
со право им даваме чест.
А многу се сами ил’ стари,
погодени со проблеми.
Но ретко на состанок не се
— по истрајност се познати.
3. Ко сопруги, мајки ил’ ќерки
ги ценеме и сакаме.
Во жетвата имаат удел
што служи за спасение.
Фалете ја оваа војска
за голем труд што вложува.
Грижете се за нив со нежност,
Јехова Бог заповед дал.