ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 126
  • „Овој сигурно беше Божји Син“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Овој сигурно беше Божји Син“
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • ”Овој сигурно беше Божји Син“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • „Овој човек навистина беше Божји Син!“
    Исус — патот, вистината и животот
  • Последниот ден од Исусовиот човечки живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Го издржала остриот бодеж на тагата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 126

Поглавје 126

„Овој сигурно беше Божји Син“

ИСУС не бил долго на столбот кога, напладне, настапува мистериозна тричасовна темнина. Тоа не е затемнување на Сонцето бидејќи такво нешто се случува само кога има млада месечина, а за време на Пасхата месечината е полна. Освен тоа, затемнувањето на Сонцето трае само неколку минути. Значи, темнината е со божествено потекло! Веројатно тоа ги наведува на размислување оние кои му се исмејуваат на Исус, па дури предизвикува и нивните подбивања да стивнат.

Ако овој застрашувачки феномен настапил уште пред едниот од злосторниците да го прекори придружникот и да го замоли Исус да се сети на него, тогаш можеби тоа е причината за неговото каење. Можеби за време на темнината, четири жени, имено, Исусовата мајка и нејзината сестра Салома, Марија Магдалена и Марија, мајката на апостол Јаков Помалиот, се доближуваат до маченичкиот столб. Со нив е и Јован, Исусовиот сакан апостол.

Колку само срцето на Исусовата мајка е ‚прободено‘ додека гледа како синот кој го негувала и израснала сега виси во агонија! Сепак, Исус не размислува за сопствената болка туку за нејзината благосостојба. Со голем напор кимнува со глава кон Јован и ѝ вели на мајка си: „Жено! Ете ти син!“ Потоа, кимнувајќи кон Марија, му вели на Јован: „Ете ти мајка!“

Значи, грижата за својата мајка, која очигледно сега е вдовица, Исус му ја доверува на својот апостол кој посебно го сака. Ова го прави бидејќи другите синови на Марија сѐ уште не покажале вера во него. На тој начин дава одличен пример за грижа не само за физичките туку и за духовните потреби на мајка си.

Околу три часот попладне, Исус вели: „Жеден сум“. Тој чувствува дека татко му, така да се каже, ја повлекол заштитата од него за да се испита неговиот интегритет до крај. Затоа извикува со силен глас: „Боже мој, Боже мој, зошто си ме оставил?“ Кога го слушаат ова, некои кои стојат во близина извикуваат: „Гледај! Го повикува Илија“. Еден од нив веднаш истрчува и, откако става еден сунѓер натопен со кисело вино на исопово стебло, му дава да пие. Но, другите велат: „Нека го! Да видиме дали ќе дојде Илија да го симне“.

Кога Исус го прима киселото вино, извикува: „Свршено е!“ Да, тој довршил сѐ за што го испратил Татко му на Земјата. На крајот, вели: „Татко, во твоите раце го доверувам својот дух“. Со тоа Исус му ја предава својата животна сила на Бог, со доверба дека Бог повторно ќе му ја врати. Потоа ја наведнува главата и умира.

Во моментот кога Исус го испушта последниот здив, настанува силен земјотрес од кој распукуваат камените маси. Земјотресот е толку јак што се отвораат спомен-гробовите надвор од Ерусалим и од нив се исфрлаат лешеви. Минувачите кои ги виделе откриените мртви тела, влегуваат во градот и раскажуваат за тоа.

Освен тоа, во моментот кога умира Исус, огромната завеса, која ја дели Светињата од Најсветата светиња во Божјиот храм, се расцепува надве, одозгора додолу. Изгледа дека оваа прекрасно украсена завеса е висока околу 18 метри и многу е тешка! Ова збунувачко чудо не само што го покажува Божјиот гнев против убијците на Неговиот Син туку и означува дека влегувањето во Најсветата светиња, во самото небо, сега е овозможено преку Исусовата смрт.

Кога луѓето го почувствувале земјотресот и ги виделе работите кои се случувале, многу се уплашиле. Воениот офицер кој бил задолжен за погубувањето му оддава слава на Бог. Тој изјавува: „Овој сигурно беше Божји Син“. Веројатно бил присутен кога на Исусовото судење пред Пилат се дискутирало за тврдењето дека е Божји син. А сега е уверен дека Исус е Божји Син, да, дека навистина е најголемиот човек кој некогаш живеел.

И останатите, обземени од овие чудесни настани, почнуваат да се разотидуваат кон дома, удирајќи се в гради во знак на огромна болка и срам. Оваа глетка оддалеку ја набљудуваат многу ученички на Исус кои се длабоко трогнати од овие значајни настани. Присутен е и апостол Јован. Матеј 27:45—56; Марко 15:33—41; Лука 23:44—49; 2:34, 35; Јован 19:25—30.

▪ Зошто тричасовната темнина не можела да биде резултат на затемнување на Сонцето?

▪ Каков прекрасен пример, пред својата смрт, им дава Исус на оние кои имаат остарени родители?

▪ Кои се Исусовите последни четири изјави пред да умре?

▪ Што е резултат на земјотресот, и какво е значењето на тоа што завесата во храмот се расцепува надве?

▪ Како овие чуда влијаат врз воениот офицер кој бил задолжен за погубувањето?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели