ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 123
  • „Гледајте! Човекот!”

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Гледајте! Човекот!”
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • ”Еве го човекот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Пилат рекол: „Еве го човекот!“
    Исус — патот, вистината и животот
  • Кој бил Понтиј Пилат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Откај Пилат кај Ирод и назад
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 123

Поглавје 123

„Гледајте! Човекот!”

ИМПРЕСИОНИРАН од Исусовото држење и увидувајќи ја неговата невиност, Пилат бара друг начин да го ослободи. „Вие имате обичај“, им вели на мноштвата, „на пасхата да ви пуштам некого.“

Варава, злогласен убиец, бил исто така држан како затвореник, па затоа Пилат ги прашува: „Кого сакате да ви го пуштам, Варава или Исус таканаречениот Христос?“

Наговорени од главните свештеници кои ги подбуцнувале, луѓето бараат да биде пуштен Варава, а Исус да биде убиен. Не предавајќи се, Пилат им одговара со тоа што повторно ги прашува: „Кој од двајцата сакате да ви го пуштам?“

„Варава“, викаат тие.

„Тогаш што да правам со Исус таканаречениот Христос?”, во ужас прашува Пилат.

Во една заглушувачка врева тие одговараат: „Нека биде прикован!“ „Прикови! Прикови го!“

Знаејќи дека бараат смрт на невин човек, Пилат ги моли: „Па, какво зло сторил овој човек? Не најдов ништо кај него што заслужува смрт; затоа ќе го казнам и ќе го пуштам“.

И покрај неговите обиди, разбеснетото мноштво, подбуцнато од своите верски водачи, и понатаму вреска: „Нека биде прикован!“ Доведено до лудило од страна на свештениците, мноштвото бара крв. А замисли, само пет дена пред тоа некои од нив веројатно биле меѓу оние кои му искажале добредојде на Исус во Ерусалим како Цар! За сето тоа време Исусовите ученици, доколку биле присутни, останале тивки и незабележливи.

Пилат, гледајќи дека неговите молби не помагаат, туку напротив, дека само се крева поголема врева, зема вода, ги мие рацете пред мноштвото, и вели: „Јас сум невин за крвта на овој човек. Тоа е ваша работа“. На тоа луѓето одговараат: „Неговата крв нека дојде на нас и на нашите деца“.

Така, во склад со нивните барања — и сакајќи повеќе да го задоволи мноштвото отколку да постапи според она што знае дека е исправно — Пилат им го пушта Варава. Го зема Исус, наредува да го соблечат и потоа да го камшикуваат. Тоа не било обично камшикување. Весникот The Journal of the American Medical Association го опишува римскиот начин на камшикување на следниов начин:

„Вообичаен инструмент бил краток камшик (флагрум или флагелум) кој се состоел од неколку поединечни или сплетени кожни ремени со различна должина, на кои наизменично биле врзувани мали железни топчиња или остри парчиња од овчи коски . . . Кога римските војници повеќепати со сета сила ќе удреле по грбот на жртвата, железните топчиња правеле длабоки модрини, а кожните ремени и овчите коски го засекувале кожното и поткожното ткиво. Потоа, додека траело камшикувањето, раскинатата кожа се расцепувала сѐ до долните скелетни мускули, претворајќи се во треперливи ленти на раскрвавено месо“.

После тоа измачувачко тепање, Исус е одведен во палатата на управителот каде е собрана целата чета војници. Таму војниците продолжуваат да го опсипуваат со навреди со тоа што му плетат круна од трње која му ја забиваат во главата. Во десната рака му ставаат трска и го облекуваат во пурпурна облека каква што носеле царевите. Потоа со подбив му велат: „Добар ден, Царе на Евреите!“ Исто така го плукаат и му удираат шлаканици. Земајќи му ја грубата трска од раката, го удираат со неа по главата, така што острите трње од неговата понижувачка „круна“ му се забиваат сѐ подлабоко во кожата.

Исусовото извонредно достоинство и сила наспроти ваквото малтретирање толку го импресионира Пилат што тој е поттикнат да направи уште еден обид да го ослободи. „Гледајте! Ви го изведувам за да знаете дека не наоѓам никаква кривица во него“, им вели тој на мноштвата. Можеби си мисли дека кога ќе ја видат Исусовата состојба после мачењето, тоа ќе ги омекне нивните срца. Додека Исус стои пред бездушната толпа, носејќи ја круната од трње и пурпурната горна облека, а на раскрвавеното лице му е врежана болка, Пилат изјавува: „Гледајте! Човекот!“

Иако помодрен и претепан, овде стои најистакнатиот лик во целата историја, навистина најголемиот човек кој некогаш живеел! Да, Исус покажува спокојно достоинство и смиреност кои говорат за величина која дури и Пилат морал да ја признае, бидејќи неговите зборови изгледа се проткаени со почит и сожалување. Јован 18:39—19:5; Матеј 27:15—17, 20—30; Марко 15:6—19; Лука 23:18—25.

▪ На кој начин Пилат се обидува да го пушти Исус?

▪ Како Пилат се обидува да се ослободи од одговорност?

▪ Што значело да се биде камшикуван?

▪ Како е исмејуван Исус по камшикувањето?

▪ Каков натамошен обид прави Пилат за да го пушти Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели