Песна 187
Бог создава сѐ ново
1. Да, знаците на времето сведочат:
го постави Бог Христоса за Цар.
Тој небото веќе го исчисти,
а наскоро овде ќе доврши.
(Рефрен)
2. Ерусалим нов, чист е, со блескав сјај,
и накитен е како невеста;
со најубав накит украсена,
во сјајот Јеховин осветлена.
(Рефрен)
3. За радост на сите ќе биде тој град,
со порти отворени секогаш.
Кон него ќе одат народите;
о слуги на Бог, сега светлете.
(РЕФРЕН)
Бог постави сред луѓето
за сите кротки шатор свој.
Ќе нема болка ниту тага,
ни смрт, ни плачење, ни мака.
Бог рече: ,Создавам сѐ ново јас;
да, тоа е вистина‘.