Песна 53
Растот на теократијата
1. Поздрав на теократијата славна!
Прекрасен развој што покажува.
Фалете го Бог без престан во песна,
со секој што оди во светлина.
Пред многу години започнал скромно
и тивок пат Исус сам поминал.
Големо мноштво и остаток верен
заедно Бога го величаат.
2. Христос на престолот судски е сега,
мноштва и народи пред него се.
За својот Татко тој мечот го стега
и непријатели ќе разнесе.
Прекрасен Советник, Татко наш вечен
и Моќен Бог, Кнез на Мирот е тој.
На престолот негов мирот е траен,
ќе владее години тој без број.
3. О, каква милост уживаме ние,
нам срцето ни е исполнето.
А среќата во земањето не е,
сега учествувај во делото.
Храбро ти брани го Божјето име;
кажи им, близу е Армагедон.
За веста добра ти сведочи спремно,
кротки да дознаат за Царството.