Песна 155
„Изразувајте си добредојде еден на друг“!
1. Примајте се ко Христос вие едни со други;
тој умрел и за братот твој, па прими го и ти.
И вие јаки спремно слабите носете ги,
со помош ваша цврсти нивните се надежи.
Бог преку својте пророци сѐ што ни напишал
ни гради вера, надеж преку издржливоста.
Да не се грижи секој само лично за себе,
но да се грижи и за потреби на другите.
2. Ги собира Бог луѓето што не војуваат,
а Синот негов мир ќе обнови на Земјата.
Од секој народ, племе, јазик тој повикува
да дојдат сите, закон негов да послушаат.
На Божја чест со радост ние други примаме,
без разлика на раса, јазик, помош даваме.
И предност за нас е Јехова да го следиме,
па како Христос срцето го рашируваме.
3. Ти поттик дај на сите луѓе да го слават Јах,
ко народ негов фалби сложно пееме на глас.
За таа цел сведочиме во сите домови
за веста добра што Јехова ќе го прослави.
Чест сега имаме што нема да се повтори,
и последни се денови за сите луѓе зли.
А браќата ги љубиме; Јехова верен е.
Примајте се меѓусебно по Божја заповед.