Песна 151
Да ја проповедаме оваа добра вест за Царството
1. Добра вест за Царството што владее проповедај!
Вест за Царството да објавиме!
Истрајни и храбри да сме дури сме во службата.
Вест за Царството да објавиме!
Добра вест по куќи и на улица проповедај;
Реч напишана за народи пренесувај.
Вешто, ревносно проповедај, со љубов голема.
Вест за Царството да објавиме!
2. Ти проповедај за веселба од Бог подготвена.
Вест за Царството да објавиме!
Дека кротките во неа удел свој ќе имаат.
Вест за Царството да објавиме!
Сегде јави дека виното ќе биде прекрасно,
дека сета храна ќе е во изобилство.
Ти проповедај за спасот што ќе дојде наскоро.
Вест за Царството да објавиме!
3. Добра вест за радоста во Царството проповедај.
Вест за Царството да објавиме!
За да биде тажен никој веќе нема причина.
Вест за Царството да објавиме!
Секој праведен да чуе од нас ваква добра вест;
јави сегде вест за мирот меѓу верните.
Јави сегде: радост е на Бога да му служиме.
Вест за Царството да објавиме!