Песна 191
Направи ја вистината своја сопственост
1. Вистинскиот пат води кон живот вечен.
Пат подобар не постои.
Поучени сме да даруваме ние,
и така ќе сме посреќни.
Живеј праведно,
нека е очигледно.
Според сите твои постапки,
живееш со вистината ти.
2. Штом за тебе Бог е на првото место,
ослободен си од зол свет.
За безверни е тоа најчудно нешто,
што избра ти пат праведен.
Живеј праведно,
светот ти остави го.
Ако близок со Јехова си,
живееш со вистината ти.
3. А Ѓаволот зол да сме негови сака,
но отпор му даваме, знај.
Штит голем ни е сега верата наша,
за нас сигурна заштита.
Живеј праведно,
Сатана избегни го.
Оклоп Божји сега носиш ли,
живееш со вистината ти.
4. Со срцето зло и со телото слабо
постојано се бориме.
Но, сигурни сме, ќе победиме ние,
Јехова наш помошник е.
Живеј праведно,
немој да си склон кон зло.
Ако внимаваш на себеси,
живееш со вистината ти.