Песна 164
Децата — скапоцен Божји дар
1. Божји дар се за нас децата;
воспит дајте им и поука.
Ко за стрелите на ловецот,
за нив е потребна насока.
Дар од Бога се,
но не бојте се
нежно нив да ги искарате,
при тоа мудрост да барате.
2. За да допрете до срцето,
вам ви е потребна вештина.
Но, од детството да почнете,
за вистината да научат.
Рано почнете,
срце допрете.
Бог во тоа ќе ви помогне,
ако искрено се трудите.
3. Со нив разговор е потребен,
тие слободни пред вас да се.
Срца свои да ви отворат
и пријатели со нив да сте.
Поучувајте,
не гневете се.
Треба нив да ги насочите;
чисти од вина да бидете.
4. Наше наследство се децата,
но припаѓаат сите на Бог.
Тие носат добра награда:
Поучете ги нив исправно.
Се надеваме,
ќе успееме
добро да ги воспитуваме
и со нив Бог да го фалиме.