ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/96 стр. 1
  • Оди по вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Оди по вера
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • „Дај ни уште вера!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Вера — особина што ни помага да бидеме духовно јаки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Покажи дека имаш вера во Јеховините ветувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • „Бидете непоколебливи во верата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 9/96 стр. 1

Оди по вера

1 Милиони луѓе ги градат своите животи околу нивните материјални поседи, неразумно верувајќи во измамничката моќ на богатството (Мат. 13:22). Тие учат една тешка лекција кога нивното богатство е изгубено или украдено или, пак, се докажува дека е од мала корист. Ние сме поттикнати да се стремиме кон помудар начин на постапување, тежнеејќи кон духовни богатства (Мат. 6:19, 20). Ова вклучува да се ‚живее [оди, НС] по верата‘ (2. Кор. 5:7).

2 Зборот „вера“ е преведен од еден грчки збор што ја пренесува мислата за доверба, верба, цврсто уверување. Да одиме по вера значи да се соочиме со тешките околности со доверба во Бог, верувајќи во неговата способност да ги води нашите чекори и во неговата спремност да се грижи за нашите потреби. Исус го поставил совршениот пример; тој останал сосредоточен на она што било навистина важно (Евр. 12:2). На сличен начин, ние треба да ги задржиме нашите срца сосредоточени на невидливите, духовните работи (2. Кор. 4:18). Мораме секогаш да бидеме свесни за несигурноста на нашиот сегашен живот и да ја признаеме нашата потполна зависност од Јехова.

3 Мораме да бидеме и цврсто уверени дека Јехова нѐ води со помош на неговата видлива организација, под водство на „верниот и разумен роб“ (Мат. 24:45—47, НС). Нашата вера ја покажуваме кога сме „послушни на оние кои го преземаат водството“ во собранието (Евр. 13:17, НС). Понизното работење во соработка со теократската подготовка, ја изразува нашата вера во Јехова (1. Петр. 5:6). Би требало да бидеме поттикнати да му дадеме искрена поддршка на делото кое ѝ е дадено на организацијата да го врши. Ова ќе нѐ привлече поблиску до нашите браќа, во една јака врска на љубов и единство (1. Кор. 1:10).

4 Како да се зајакне верата: Не смееме да дозволиме нашата вера да стане статична. Треба да водиме тешка борба за да ја зголемиме. Редовноста во проучувањето, во молитвата и во присуството на состаноците ќе ни помогне да ја зајакнеме нашата вера за да може, со Јеховина помош, да одолееме на секое искушение (Ефеш. 6:16). Дали си изградил добра рутина за секојдневно читање на Библијата и подготовка за состаноците? Дали често медитираш за она што го учиш и дали му се приближуваш на Јехова во молитва? Имаш ли навика да присуствуваш на сите состаноци и да учествуваш на нив колку што ти дозволува приликата? (Евр. 10:23—25).

5 Јаката вера се докажува со добри дела (Јак. 2:26). Еден од најдобрите начини да ја покажеме нашата вера е да им ја објавуваме нашата надеж на другите. Дали бараш можности за да ја споделуваш добрата вест? Дали твоите околности можат да бидат прилагодени за да ти овозможат да направиш повеќе во службата? Дали ги применуваш предлозите што ги добиваме за да ги подобриме квалитетот и делотворноста на нашата служба? Дали си поставуваш лични духовни цели и дали се трудиш да ги постигнеш?

6 Исус предупредил да не станеме прекумерно заплеткани во секојдневните работи на животот и да не дозволиме материјалистичките или себични интереси да го затемнат нашиот духовен видик (Лука 21:34—36). Мораме строго да внимаваме како одиме за да избегнеме бродолом што се однесува до нашата вера (Ефеш. 5:15; 1. Тим. 1:19). Сите ние се надеваме дека конечно ќе можеме да изјавиме дека ‚добро сме се бореле, патот сме го завршиле и верата сме ја запазиле‘ (2. Тим. 4:7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели