Песна 3
Да извојуваме победа над светот
1. Триумфално сите напред,
сила имаме од Бог.
Тоа праведна е војна,
бори се постојано.
Нас народите нѐ мразат
зашто проповедаме.
До победата, со верба,
напред ќе маршираме.
2. Овој свет е полн со маки,
сите добро знаеме.
Исус вели: ,Храбар биди!
Јас се грижам за тебе‘.
Сигурни сме во тој триумф.
Не е наша битката;
Бог Јехова ќе се бори,
злобните ги чека крај.
3. Верата во Христос Господ
светот го победува.
Христос мечот свој го вие,
како Цар тој царува.
Тој бил победник над светот,
па и ние можеме;
и со доверба во Бога,
славно победуваме.