Песна 29
Напред, Сведоци!
1. Цврсти и решени в овој злобен свет
се Божјите слуги што бранат добра вест.
Сатана со сила се фали,
но Божјата моќ нив ги храбри.
(Рефрен)
2. Правда и вистина зли отфрлаат
и Божјето име го отстрануваат.
Се трудат христијани смело,
го враќаат на место право.
(Рефрен)
3. Удобност Божјата војска не сака.
На ниеден владетел таа не ласка.
Во секое време без мани,
беспрекорно Бога го фали.
(РЕФРЕН)
О Сведоци, напред, со смелост одете!
Радувајте се, дело Божје вршете!
Раширете глас дека новиот свет
вечен благослов носи за сите!