Песна 166
Гледај, Јеховината војска!
(Јоил 2:7)
1. Гледај, Божја војска
слободна е од
Вавилонско ропство,
в служба е за Бог.
Смело одат напред
доброволците;
лица како кремен,
бестрашни во сѐ.
Верни на Јехова,
следат Христов пат.
,Власта Божја почна‘,
објавуваат.
2. Слугите на Бога
се напрегаат
„овците“ од ропство
да ги избават.
Искрено се трудат
да им помогнат;
в Салите ги носат
да се поучат.
Ако најдат „овца“,
продолжуваат
Стари, млади, сложно
шират вистина.
3. ,Мноштвото‘ маршира;
Христос предводи;
верниот „остаток“
напред чекори.
Мудри како змии
но без лукавство,
и под напад храбри
— служат истрајно.
Радосно му служат
на Јехова Бог;
таква вера ним им
носи напредок.