Песна 43
Напред, министри на Царството!
1. Ко гласник на вест сега напред
кај луѓе во секој крај,
со љубов и сесрдна помош,
свој став нека заземат.
Бидејќи службата е света,
облечени сме примерно.
За нас таа многу е вредна;
во вечност го славиме Бог.
(Рефрен)
2. Продолжете напред кон целта
и вие што нови сте.
Не мислете на она зад вас,
од Речта моќ црпете.
И како чисти светлоносци,
поинакви од светот сте.
На Божјиот слуга му личи
од патот зол да побегне.
(Рефрен)
3. Остатокот чекори напред
со мноштвото големо.
И мажи и жени и деца
на Бог служат заедно.
А службата е толку света,
со ценење ја вршиме.
Искрените таа ги теши;
на Бог чест му оддаваме.
(РЕФРЕН)
Напред,
проповедајќи за Царството насекаде!
Напред,
секогаш на Божја страна лојални да сме.