Песна 175
Небесата ја објавуваат Божјата слава
1. Небесата го слават Бог Јехова,
и сето творештво на небесниот свод.
Да, ден на ден раскажува,
и ноќ на ноќ ѝ збори за Јехова Бог.
2. А совршен е законот Јеховин
и опомените од него мудри се.
Нѐ веселат наредбите
и светлост тие нам ни се во овој свет.
3. А стравот Божји чист е, вечно трае,
и судот негов е најправеден од сѐ,
и подобар од златото,
ко мед е сладок секогаш за јадење.
4. О, фала ти што закони ни даваш.
Држејќи се за нив, ни следи награда.
Со делата и мислите
пред тебе угодни да сме, о Боже наш.