Песна 107
Храбро да му пееме фалби на Јехова!
1. Храбро фалби пејте на Јехова,
в бојот наш ни дава помош Тој.
Непријателот нас не нѐ плаши.
Само напред, одиме во пој!
(Рефрен)
2. Храбро фалби пејте на Јехова,
разгласувајте опомени.
Царот наш ќе стави крај на злите
и на лажните религии.
(Рефрен)
3. Храбро фалби пеј му на Јехова,
кротки учи за вистината.
Ним помогни им да сфатат дека
привилегија е службата.
(РЕФРЕН)
Радосно објавете за веста!
Секој да се предаде на Бога.
Храбро фалби пејте на Јехова,
Божје име прославувајте.