Песна 27
Не плашете се од нив!
1. Само напред, мои слуги,
вест за Царство ширете!
Страв од зли да немате.
Нека знаат кротките
дека Царот Христос Исус
душман фрли од небо,
ќе го врзе Сатана
и ослободи верниот.
(Рефрен)
2. Противниците се бројни,
ви се закануваат;
красноречиви се, знај,
да ве фатат сакаат.
Не бојте се, верни борци,
срца да не треперат;
Јас ги штитам верните
и спасувам од неволја.
(Рефрен)
3. Не бојте се, не сте сами,
Јас сум ваша сила, штит.
Некој и да загине,
живот пак ќе добие.
Не бојте се од нив вие,
војници христијански;
Јас ги чувам сите верни
како својте зеници.
(РЕФРЕН)
Зли ќе убијат и тело,
ама не и душата.
,Не бојте се, верни мои,
ваша е наградата.‘