ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ba стр. 30
  • Книга за Вас?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Книга за Вас?
  • Книга за сите луѓе
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како да се извлече најголема корист
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Како да ја читаш Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Читај ја Божјата Реч и служи му во вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Како може да ти помогне Библијата?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Книга за сите луѓе
ba стр. 30

Книга за Вас?

„Да пишуваш многу книги — тоа нема крај“, изјавил Соломон пред околу 3.000 години (Проповедник 12:12). Оваа забелешка е исто толку соодветна денес колку што била и секогаш. Покрај стандардните класици, секоја година се печатат илјадници нови книги. Од толку многу книги на избор, зошто треба да ја читате Библијата?

МНОГУ луѓе читаат книги за да се разонодат или информираат или, пак, можеби и од двете причини. Истото може да важи и за читањето на Библијата. Таа може да придонесе за читање кое изградува, па дури и разонодува. Но, Библијата е повеќе од тоа. Таа е единствен извор на спознание (Проповедник 12:9, 10).

Библијата одговара на прашања за кои луѓето долго време длабоко размислувале — прашања во врска со нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина. Многумина се прашуваат: Откаде сме дошле? Која е целта на животот? Како можеме да најдеме среќа во животот? Дали секогаш ќе има живот на Земјата? Што ни донесува иднината?

Вкупната сила на сите докази изнесени овде, јасно утврдува дека Библијата е точна и автентична. Веќе разгледавме на кој начин нејзиниот практичен совет може да ни помогне да водиме смисловен и среќен живот денес. Затоа што нејзините одговори за сегашноста се задоволувачки, тогаш сигурно нејзините одговори за минатото и нејзините пророштва за иднината заслужуваат грижливо внимание.

Како да се извлече најголема корист

Многу луѓе почнале да ја читаат Библијата, но престанале кога некои делови им биле тешки за разбирање. Ако и Вие сте доживеале такво нешто, има некои работи кои можат да Ви бидат од помош.

Некои луѓе почнуваат да читаат од евангелијата за животот на Исус, чии мудри учења, како што се оние што се наоѓаат во Проповедта на гората, одразуваат длабока свесност за човечката природа и прикажуваат како да ја подобриме својата судба во животот. (Види Матеј, поглавја 5 до 7.)

Освен што ќе се чита Библијата, многу информативна може да биде и тематската метода на проучување. Ова вклучува анализирање на она што го вели Библијата за некоја одредена тема. Можеби ќе се изненадите кога ќе научите што, всушност, вели Библијата за темите како што се душа, небо, Земја, живот и смрт, како и за Божјето Царство — што е тоа и што ќе постигне.a Јеховините сведоци имаат една програма за тематско проучување на Библијата, која се обезбедува бесплатно. Може да се распрашате за неа доколку пишете до издавачите, користејќи ја соодветната адреса наведена на страница 2.

Откако ги испитале доказите, многу луѓе заклучиле дека Библијата е од Бог, кого Писмото го идентификува како „Јехова“ (Осија 12:5). Можеби не сте уверени дека Библијата има божествено потекло. Но, зошто не го испитате тоа самите? Уверени сме дека после еден процес на учење, медитирање и можеби лично искусување на практичната вредност на нејзината мудрост која не подлежи на времето, ќе утврдите дека Библијата навистина е книга за сите луѓе, и уште повеќе — книга за Вас.

[Фуснота]

a Книга што им помогнала на многумина во тематското проучување на Библијата е Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели