Песна 81
Благодарност за божествената стрпливост
1. Семоќен ти си Боже наш
делата твои сведочат.
Земјата а и небото
нам ни се верно сведоштво.
Радост му носат творбите
на секој што е праведен;
тој ќе го види триумфот
на твојата сувереност.
2. Ревносен си за правдата,
близу е крај на злобата.
Бидејќи мислиш на спас наш,
разорна моќ задржуваш.
Името ти го носиме,
за тебе фалби пееме.
Копнееме за триумфот
на твојата сувереност.
3. Стрпливост твоја цениме
и спремно проповедаме.
Својствата твои јасни се,
радосно ги јавуваме.
Води нѐ ти по твојот пат
за другите да најдат спас,
и да го видат триумфот
на твојата сувереност.