Песна 209
Следете го Царот Воин!
1. Запејте песна за наш Јехова Бог,
песна што секогаш ќе го слави.
Гласете порака што Бог ни ја дал,
порака што треба да се јави.
(Рефрен)
2. Војници Божји, придружете му се;
слобода славна тој ќе ви дари.
Земете штит на вера, меч духовен,
ставете шлем и на ваши глави.
(Рефрен)
3. Силата наша нам не ни помага
славни победници да сме ние.
Само со Божја моќ победуваме;
нека се прослави Божје име.
(РЕФРЕН)
Бестрашно! (Храбро!)
Сите во строј! (Спремни за бој!)
Како војска одиме
напред против злобните.
Воинот, Царот кој не промашува,
водач е наш до победа!