Песна 133
Сеење на семето за Царството
1. О, дојдете вие што робови сте,
предадени од сѐ срце.
Бог работа важна ви доверил вам;
тој пат Христос го врвеше.
Вистината сејте ја секаде и
барајте го плодното тло.
На Бога Јехова му носи чест голема
верноста на полето.
2. Крај патот, знај, семето станува плен
на „птиците“ сатански, зли;
и она што паѓа на камено тло,
се суши во жешките дни.
Ко трње што гуши и спречува раст
се грижите и алчноста.
Но некое семе ќе падне на
плодно тло, погодно за добар раст.
3. А колку ќе падне на погодно тло,
ќе зависи многу од вас.
Спречете ги љубезно и истрајно
прогонствата што се ко жар.
Со будност чистете го од трњето;
со став благ, а некогаш строг.
Ќе можете така со радост да
жнеете дури и стократен плод.