Песна 172
Барајте го најнапред Царството
1. Бог Јехова има нешто
многу што го радува:
Царството на Исус Христос,
кое зло отстранува.
Преку вера тоа Царство
пророци го видоа;
надежта во него кај нас
Исус ја поттикнува.
(Рефрен)
2. Каква предност е да имаш
удел ти во Царството.
Прекрасна е служба тоа,
работи внимателно.
Зошто тегобно се грижиш
дал’ ќе има жед и глад?
Ако Царството е прво,
ќе се грижи Бог за нас.
(Рефрен)
3. Наскоро на злиот систем
Бог ќе стави вечен крај.
Сите луѓе ќе Го фалат,
Земјата ќе стане рај.
Веста добра да ја чујат
сите луѓе понизни;
теократско водство следат,
на Јехова подложни.
(РЕФРЕН)
Пред сѐ треба да го бараш
Царството Јеховино.
Верно служи му ти сега,
така Бог оправдај го.