Песна 144
Мораме да имаме вера
1. На Земјата преку пророците Бог
му говорел често на човештвото.
Но најпосле Синот го користел Тој
— кој слуша го спасува животот свој.
(Рефрен)
2. Во говорот слобода да имаме
за смело на други да сведочиме.
Со верно чекорење по Христов пат,
ќе примиме ние од Бог награда.
(Рефрен)
3. Да бидеме страшливци не сака Бог,
но верно да правиме што вели Тој.
Противници секогаш ќе имаме;
со верата своја ќе победиме.
(РЕФРЕН)
Речта Божја нам ни ја гради верата;
ќе ја преживееме така битката.
Дал’ е верата во склад со делата?
Да, таква вера живот спасува.