ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/98 стр. 8
  • ,Сѐ да се врши уредно‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ,Сѐ да се врши уредно‘
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • Превод Нов свет — ценет од милиони луѓе низ целиот свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Меѓник за љубителите на Божјата реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Дали е точен Преводот Нов свет?
    Најчесто поставувани прашања
  • Превод на Божјата Реч кој допира до срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 1998
km 12/98 стр. 8

,Сѐ да се врши уредно‘

1 Апостол Павле бил уредна личност. Тој сакал да види како ‚сѐ се врши уредно [со добро однесување, Int]‘ (1. Кор. 14:40). И ние денес ќе постапиме добро ако во целокупното наше однесување ги следиме начелата кои се содржани во Павловите зборови.

2 На пример, како се чувствуваат посетителите кога ќе влезат во Салата на Царството? Дали им се изразува добредојде и дали се чувствуваат удобно? Дали првите кои ќе ги запознаат им ги претставуваат на останатите во собранието? Или, пак, кога ќе влезат гледаат како секој е зафатен во разговор и не ги забележува? Понекогаш објавителите толку се внесуваат во разговори меѓу себе што пропуштаат да ги забележат новите или, пак, да ги поздрават браќата кои дошле во посета. Дали тоа е едно подрачје на кое можеме подобро да ги средиме нашите работи?

3 Исто така, забележано е дека во некои Сали на Царството децата би можеле да се однесуваат попристојно. Некои трчале низ Салата на Царството. Други, пак, гласно зборувале надвор од Салата и им сметале на соседите. Се разбира, родителите сакаат да предводат во поправањето на таквото однесување со тоа што ќе ги надгледуваат своите деца, почнувајќи да ги воспитуваат уште дома. Но, и старешините имаат одговорност да им помогнат на оние на кои им е потребна помош.

4 Се увидува дека на многу деца им се допушта често да одат во WC или да пијат вода за време на состаноците. Во едно собрание е пресметано дека 40 од 120 присутни излегле од состанокот за да одат во WC или да пијат вода. Исто така, некои старешини одат наоколу за време на состаноците. Можеби можеме да избегнеме непотребно да ги напуштаме своите места дури и за време на песните и молитвите бидејќи и тие се дел од нашето обожавање на Јехова. Забележано е дека некои се рекреираат долго време, можеби еден час или повеќе, и не чувствуваат потреба да ја прекинат таквата активност. Зарем не е многу поважно да ги цениме духовните работи и состаноците и да останеме присутни додека се во тек?

5 Во некои Сали на Царството се оштетени столиците. На некои има дамки од пенкало. Други се искинати или исечени. Исто така, WC-ата се оставаат неуредни. Може ли на овие работи да обрнеме поголемо внимание отколку досега? Се гордееме ли кога ќе им ја покажеме нашата Сала на Царството на посетителите и на новите бидејќи е зачувана чиста и во добра состојба или, пак, избегнуваме да ја покажуваме затоа што е во лоша состојба?

6 Можеби сите ние можеме да обрнеме внимание на овие работи. Наша одговорност е да се погрижиме Јеховиниот дом на обожавање да се зачува чист. Сакаме сите да бидат привлечени кон Салата на Царството поради нејзината чистота и добра состојба, како однатре така и однадвор, а исто така и поради уредното однесување во неа. Јеховините сведоци се познати по својата пристојност секаде каде што одат во светот. Сигурно дека не сакаме да ја изгубиме таа добра репутација. Затоа, сите да бидеме заинтересирани за нашето однесување за да му донесе чест на нашиот Небесен Татко, Јехова (1. Петр. 2:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели