ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/99 стр. 8
  • „Што да правам?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Што да правам?“
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Родители — каква иднина сакате да имаат вашите деца?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Дали Библијата одвратува од образованието?
    Разбудете се! 1998
  • Извлечи го најдоброто од училиштето
    Нашата служба за Царството 1997
  • Образование со цел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 4/99 стр. 8

„Што да правам?“

1 Како млад човек кој се приближува кон зрелост, можеби се прашуваш: ‚Што да правам со мојот живот?‘ Христијанските млади сакаат да ја зголемат својата служба за Јехова. Но, како можеш да го направиш тоа додека ги преземаш одговорностите на еден возрасен човек, кои вклучуваат грижа за твоите материјални потреби? Можеби нема да биде лесно да се добие одговор.

2 Некои млади стануваат загрижени кога ќе ја видат светската економска ситуација и прогнозите за иднината. Тие се прашуваат: ‚Дали треба да тежнеам по додатно световно образование? Дали веднаш да започнам со полновремена служба?‘ За да донесе исправна одлука, едно лице треба искрено да си одговори на следново прашање: ‚Кој е првенствениот интерес во мојот живот?‘ Мора да ги преиспита своите мотиви.

3 Што негуваш како првенствена грижа додека си млад? Дали си главно заинтересиран за финансиска добивка или, пак, навистина сакаш да го искористиш својот живот за унапредување на интересите на Царството? Универзитетската диплома не гарантира успех на полето на вработувањето. Како алтернатива, многумина се здобиле со работни вештини кои се бараат, посетувајќи занаетчиски програми, некое стручно или техничко школско образование или, пак, краткотрајни школски курсеви за кои е потребно минимално време и ангажираност.

4 Верувај му на Јехова: Еден многу важен факт што треба да се разгледа е уверувањето дека Јехова Бог ќе се погрижи за оние кои на прво место ги ставаат интересите на Царството (Мат. 6:33). Ова не е празно ветување. Многу браќа кои биле во Школата за оспособување на слуги стекнале факултетски дипломи пред да ја дознаат вистината. Но, што направиле со световното вработување? Само малкумина изградиле кариера за која биле школувани. Многумина работеле во сервисни служби, грижејќи се многу добро за своите финансиски потреби додека пионереле. Проширувајќи ја својата активност во службата, тие добиваат благослови кои далеку ги надминуваат финансиските користи.

5 Кога ќе одлучуваш што да правиш откако ќе завршиш средно училиште, одмери ги сите фактори и внимателно испитај ги своите мотиви. За урамнотежено гледиште во твојот избор, разгледај ги информациите кои се наоѓаат во Разбудете се! од 8 јуни 1998, страници 28—30. Разговарај со своите родители, со старешините, со покраинскиот надгледник и со успешните пионери во твоето подрачје. Тоа ќе ти помогне да донесеш мудра одлука за тоа што треба да направиш со својот живот (Проп. 12:1, 13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели