-
„Јехова одговори на моите молитви!“Стражарска кула 1996 | 15 Октомври
-
-
„Јехова одговори на моите молитви!“
ШИРУМ светот, Јеховините сведоци водат скоро пет милиони домашни библиски студии со луѓето кои се заинтересирани да постигнат точно спознание за Бог и за неговата прекрасна намера за човештвото. Дури и децата меѓу Јеховините сведоци имаат удел во ова дело. На пример, размисли за едно момче по име Џоел. Тој го симболизирал своето предание на Јехова и се крстил на деветгодишна возраст. По една година, го имал следново искуство:
„Додека бев во службата, сретнав една жена по име Канди. Ѝ ја понудив брошурата ‚Гледај! Сѐ ново создавам!‘ Таа веќе ја имаше, па ѝ ја понудив книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Ѝ неа веќе ја имаше. Тогаш си помислив: ‚На оваа жена ќе ѝ понудам библиска студија‘. Таа прифати!
Сестра ѝ на Канди, која беше на умирање од рак, дојде да живее кај неа. Освен тоа, Канди студираше за медицинска сестра. И така, еден извесен временски период библиската студија беше прекината. Но, моите родители и јас одржувавме контакт со неа оставајќи ѝ ги списанијата нејзе или на нејзиниот сопруг Дик. Тој ни рече дека таа ги чува списанијата до својот кревет и дека ноќе ги чита.
На крајот, сестра ѝ на Канди умре. Тато, мама и јас разговаравме со Канди за состојбата на умрените. Таа одлучи да продолжи со својата библиска студија. Еден друг ден, го запрашавме Дик дали би сакал да проучува заедно со Канди и тоа да биде семејна студија. Тој мислеше дека тоа е добра идеја. И така, сега, заедно со тато, јас проучувам и со Дик и со Канди. Тие добро напредуваат и изразуваат ценење за библиската студија.
Јас се молев за библиска студија и Јехова одговори на моите молитви!“
-
-
Дали би сакале да бидете посетени?Стражарска кула 1996 | 15 Октомври
-
-
Дали би сакале да бидете посетени?
Дури и во овој свет оптоварен со проблеми, можете да постигнете среќа преку точното библиско спознание за Бог, за неговото Царство и за неговата прекрасна намера со човештвото. Ако сакате повеќе информации или би сакале некој да Ве посети и бесплатно да ја проучува Библијата со Вас во Вашиот дом, Ве молиме пишете на адреса: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 2.
-