„Не можеме да не зборуваме“
1 Исус Христос внимателно го набљудува проповедничкото дело (Мат. 28:20; Мар. 13:10). Иако има речиси шест милиони активни објавители кои сведочат во 234 земји, не смееме да си помислиме дека сме завршиле со сведочењето. Сѐ додека Бог не објави дека делото е извршено, „ние не можеме да не зборуваме“ за она што сме го научиле (Дела 4:20).
2 Потпри се на Божјиот дух: Сатана врши голем притисок за да нѐ обесхрабри (Отк. 12:17). И нашето несовршено тело нѐ измачува со многу проблеми. Овие работи можат да ни го одвлечат вниманието од проповедничкото дело кое е од најголема важност. Сепак, ако имаме доверба во Јехова, неговиот дух ќе ни помогне да се соочиме со какви и да било препреки.
3 Кога собранието од првиот век било жестоко прогонувано, браќата го молеле Бог за помош да продолжат да ја зборуваат неговата реч со смелост. Јехова одговорил на нивната молитва со тоа што им влеал од својот дух и им ги дал ревноста и одлучноста кои им биле потребни за да продолжат да проповедаат. Како резултат на тоа, тие без попуштање продолжиле смело да ја објавуваат добрата вест (Дела 4:29, 31; 5:42).
4 Не плаши се од негативното зборување: Јавното мнение или клеветничката пропаганда можеби ќе нѐ заплашат. Меѓутоа, сети се на смелата изјава на Петар и на другите апостоли пред Синедрионот, која е запишана во Дела 5:29—32. Како што признал Гамалиил, кој бил учител на Законот, Божјето дело не може да биде победено. Тоа не се извршува со наша сила. Ова величествено дело има Божја поддршка и само тој може да го изврши! (Зах. 4:6).
5 Секојдневно да го молиме Јехова за неговиот дух да ни помогне ревносно да ја објавуваме добрата вест. Како што рекол Јеремија, да речеме и ние дека пораката за Царството е како распален оган во нашите коски (Ерем. 20:9). Не можеме да молчиме!