ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ‚Од периодот на доење ги знаеш‘
    Стражарска кула 1998 | 15 Април
    • ‚Од периодот на доење ги знаеш‘

      СПОРЕД неодамнешните научни студии, зборувањето на доенчињата длабоко влијае врз развојот на нивниот мозок, втемелувајќи ја нивната способност да размислуваат, да резонираат и да решаваат проблеми. Ова особено е случај во текот на првата година од животот на бебето. International Herald Tribune известува дека некои истражувачи сега веруваат дека „бројот на зборовите кои ги слуша едно доенче во денот е единствениот најважен претскажувач на подоцнежната интелигенција, школскиот успех и социјалната компетенција“.

      Меѓутоа, изговорените зборови мора да доаѓаат од некоја личност. Се чини дека телевизијата или радиото не се замена.

      Една жена невронаучник на Вашингтонскиот универзитет во Сиетл (САД) навела: „Сега знаеме дека невралните врски се формираат многу рано во животот и дека мозокот на доенчето буквално чека искуства за да одреди како се прават врските. Не сфаќавме, сѐ до неодамна, колку рано почнува овој процес. На пример, доенчињата ги имаат научено гласовите на својот мајчин јазик до возраст од шест месеци“.

      Истражувањето го побива широко распространетото мислење дека бебињата интелектуално ќе цветаат доколку едноставно им се дава изобилство љубов. Тоа ја истакнува и важноста на родителите во развојот на детето.

      Ова потсетува на зборовите од инспирираното писмо на апостол Павле до Тимотеј: ‚Од мал [периодот на доење, NW] ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение‘. Веројатно тие Свети Писанија, за кои на доенчето Тимотеј му зборувале неговите мајка и баба, кои биле верници, играле клучна улога во неговиот развој како извонреден Божји слуга (2. Тимотеј 1:5; 3:15).

  • Дали би сакале да бидете посетени?
    Стражарска кула 1998 | 15 Април
    • Дали би сакале да бидете посетени?

      Дури и во овој свет оптоварен со проблеми, можете да постигнете среќа преку точното библиско спознание за Бог, за неговото Царство и за неговата прекрасна намера со човештвото. Ако сакате повеќе информации или би сакале некој да Ве посети во Вашиот дом и бесплатно да ја проучува Библијата со Вас, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 2.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели