ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be стр. 4-стр. 8 пас. 1
  • Добредојде во Теократската школа за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добредојде во Теократската школа за служба
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Поднаслови
  • Како да извлечеш целосна корист
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be стр. 4-стр. 8 пас. 1
Слика на целата страница 5

Добредојде во Теократската школа за служба

ПО ЦЕЛАТА Земјина топка, во повеќе од 200 земји, милиони ученици секоја седмица извлекуваат корист од образованието во Теократската школа за служба. Некои од нив се нови. Други веќе со години ја посетуваат школата. Школата се води на десетици илјади локации. Сеедно во кој дел на Земјата живееш, достапна ти е истата програма на образование. Оваа теократска поука бесплатно ја добиваат луѓе од сите возрасти, етнички групи и со секакво ниво на образование.

Кога во 1943 школата беше воведена во собранијата на Јеховините сведоци, нејзината цел беше изложена со следниве зборови: „Да ги подготви сите ,верни мажи‘, односно оние што ја слушаат Божјата реч и ја докажуваат својата вера во неа, да ,бидат оспособени да поучуваат други‘ . . . со една цел — да го направи секого . . . подобро опремен јавно да ја презентира надежта која е во него“ (Course in Theocratic Ministry — Курс за Теократска служба, стр. 4). Целта на школата до ден-денес останува иста.

Навистина, што е најдоброто нешто кое сите ние можеме да го направиме со дарот на говор, кој ни го дал Бог? Библијата одговара: „Сѐ што дише — Нека Го фали Господа [Јах, NW]“ (Псал. 150:6). Кога го правиме тоа, го радуваме срцето на нашиот небесен Татко. Му даваме доказ дека нашите срца со благодарност реагираат на неговата доброта и љубов. Не е ни чудо што христијаните се охрабрени секогаш да ,му принесуваат на Бог жртва на фалба, односно, плод на усните кои даваат јавна изјава за неговото име‘! (Евр. 13:15). Со цел да ти помогнеме да ја подобриш својата способност да ги користиш даровите што си ги добил од Бог за да го фалиш Јехова, ти посакуваме добредојде како ученик во Теократската школа за служба.

Иако во школата е посветено големо внимание на јавното читање и на уметноста на говорење и поучување, користите од образованието во Теократската школа за служба не се ограничени само на тоа. Додека учествуваш во неа, ќе добиеш помош да ги негуваш скапоцените вештини: лично читање, слушање и помнење, проучување, истражување, анализирање и организирање, разговарање, одговарање на прашања и запишување на своите мисли. Основата за проучување, како и за коментарите и презентациите дадени во школата, ќе ја обезбедат самата Библија и публикациите темелени на неа. Како што ќе го полниш умот со скапоцените вистини што се наоѓаат во Божјата реч така ќе учиш да размислуваш со Божјите мисли. Колку само може да ти користи тоа во секој аспект од животот! За вредноста на Божјата реч, Вилијам Лајон Фелпс, универзитетски педагог од 20 век, напишал: „Секој што има темелно спознание за Библијата може навистина да се нарече образован . . . Верувам дека спознанието за Библијата без факултетско образование е многу повредно отколку факултетско образование без Библијата“.

Како да извлечеш целосна корист

Слика на целата страница 4

Се разбира, за да извлечеш целосна корист од образованието што го обезбедува Теократската школа за служба, ти, како ученик, мораш да вложиш лични напори. Апостол Павле го поттикнал својот христијански придружник Тимотеј: „Длабоко размислувај за овие работи; биди задлабочен во нив, за твојот напредок да им биде видлив на сите“ (1. Тим. 4:15). На кои практични начини можеш да се напрегаш?

Ако е воопшто можно, секоја седмица присуствувај на Теократската школа за служба. Мудро користи го овој учебник, Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба. Напиши си го името на насловната страница, на местото предвидено за тоа. Секогаш носи ја книгата со себе кога присуствуваш на школата. Овој учебник служи и како работна тетратка. Кога во неа ќе прочиташ некои важни точки за кои мислиш дека ќе ти помогнат, подвлечи ги. Користи ги широките маргини за да си ги запишеш практичните мисли што ќе ги научиш во текот на дискусиите на школата.

Печатен примерок од програмата што ќе се следи во Теократската школа за служба излегува посебно. Распоредот ќе вклучува и детали во врска со тоа како ќе се води школата. Можеби ќе ти биде практично да го чуваш распоредот во оваа книга, каде што ќе ти биде при рака.

Додека се подготвуваш за седмичните сесии на школата, имај на ум дека главен учебник е Библијата. Дај му приоритет на читањето на кој и да е дел од Библијата предвиден за седмицата. Од голема корист ќе ти биде, исто така, ако можеш однапред да го прочиташ материјалот за различните програмски точки.

Можеби во текот на школата ќе има прилики за учество на присутните. Целосно искористи ги тие прилики. Учеството во таквите дискусии е важен фактор да го запомниш она што си го слушнал и да можеш да го примениш во приватниот живот.

Се разбира, сите ученици ќе имаат прилики да држат говори или да имаат прикази пред собранието. Добро искористи ја секоја таква прилика. Вистински напрегај се да се подобриш во која и да било говорна особина што ќе ти биде доделена. Ќе ти се дава совет со цел континуирано да напредуваш. Спремно прифати ја таа лична помош. Во својата книга прибележи ги конкретните предлози во врска со тоа што би можел ти лично да сториш за да се подобриш. Со оглед на тоа што е тешко сам да се видиш на начинот на којшто другите те гледаат, љубезните предлози и совети темелени на Библијата можат во значителна мера да придонесат за твојот напредок. Ова важи дури и ако си веќе многу години запишан во школата (Посл. 1:5).

Дали би сакал побрзо да напредуваш? Ако покажуваш лична иницијатива, можеш да успееш во тоа. Проучи го однапред материјалот што ќе се обработува во секој ученички говор. Ако е потребна замена за говорникот, ќе бидеш во состојба да се јавиш како доброволец, а со тоа ќе стекнеш и поголемо искуство. Кога други држат говори, слушај внимателно како тие го обработуваат материјалот. Ние учиме еден од друг.

Освен тоа, доколку околностите ти дозволуваат, можеш да го забрзаш својот напредок ако одиш напред со проучувањето на материјалот од овој учебник. Откако добро ќе го научиш она што се наоѓа во следните 15 студии, продолжи со дадената „Програма за развивање на способноста на говорник и учител“, која започнува на 78. страница. Прво, проучи ја секоја лекција и направи ги вежбите дадени за неа. Наученото примени го во службата. Ова може во голема мера да придонесе за твојот напредок како говорник и како учител на Божјата реч.

Твоето образование во Теократската школа за служба ќе ти помогне да се подготвиш за она што е најважно во животот. Со оглед на тоа што ние сме живи поради Божјата волја, да го фалиме него значи да ја сфатиме самата цел на нашето постоење. Јехова Бог заслужува фалба со највисок квалитет (Откр. 4:11). Образованието што го добиваме во школата е средство да го постигнеме тоа, така што ќе можеме бистро да размислуваме, мудро да постапуваме и делотворно да ги пренесуваме прекрасните вистини од Божјата инспирирана реч.

ОБЕЛЕЖЈА НА ШКОЛАТА

  • Седмична програма на читање, проучување и истражување сосредоточена на Библијата

  • Поука за јавно читање и за уметноста на говорење и поучување

  • Учество во дискусиите на час

  • Прилики да се изнесуваат презентации пред собранието

  • Лична помош за да напредуваш

ВЕШТИНИ НА КОИ ИМ Е ПОСВЕТЕНО ВНИМАНИЕ

  • Слушање и помнење

  • Лично читање

  • Проучување

  • Истражување

  • Анализирање и организирање

  • Разговарање

  • Одговарање на прашања

  • Запишување на мислите

ТЕМЕЛ НА КОЈ ЌЕ СЕ ГРАДИ

Способноста делотворно да се комуницира е уметност. Секој не го прави тоа добро. Многу учебници се наменети да им се помогне на луѓето да се подобрат на тоа поле. Меѓутоа, Творецот, Оној што ги надарил луѓето со способноста за говор, знае повеќе за говорењето и поучувањето отколку кој и да било човечки инструктор за говорење. Неговиот единороден Син како Вешт Работник соработувал со него во создавањето на човечкиот мозок и на органите за говор, како и во сите други чуда на создавањето.

Додека биле создавани ангелите, а потоа и луѓето, тој Син служел како Реч Божја, како Оној преку кого самиот Бог првенствено им ја пренесувал поуката (Посл. 8:30; Јован 1:1-3). Тој Син бил испратен на Земјата како Господ Исус Христос. Во врска со него, инспирираниот запис вели: „Мноштвата беа вчудовидени од неговиот начин на поучување“. А оние што го слушале посведочиле: „Никогаш друг човек не зборувал така“ (Мат. 7:28; Јован 7:46). Во евангелијата Исус над 40 пати е наречен Учител, и тоа со добра причина. Од него можеме многу да научиме во врска со говорењето и поучувањето.

Исто така, Библијата содржи запис за тоа како Јехова Бог користел мажи и жени од различно потекло за да ја изврши својата волја. Некои од нив пренеле кратки, но силни пораки. Многумина не говореле пред голема публика, но верно учествувале во давањето сведоштво за вистинскиот Бог и за неговата намера. Изгледа повеќето од нив не биле речовити говорници, но Бог ги благословил нивните напори. Од она што ни го кажува Библијата можеме да научиме како тие ја извршиле својата служба (Псал. 68:11, NW).

Се разбира, Библијата не е учебник за јавно говорење. Но, за оние што ја читаат со проникливост, таа содржи скапоцен увид во врска со делотворното говорење и поучување. Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба настојува да гради на тој темел.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели