-
Исправно ракувај со Божјата речНашата служба 2001 | Декември
-
-
3 Читај директно од Библијата: Можеш да се обидеш да појдеш на врата без чанта за книги. Литературата што сакаш да ја нудиш можеш да ја ставиш во папка и да ја носиш Библијата в рака или в џеб. Потоа, кога ќе започнеш разговор со некого, можеш да ја извадиш Библијата без да оставиш впечаток кај другиот дека се обидуваш да му држиш проповед. Постави се така за твојот слушател да може да следи во твојата Библија. Можеш да го замолиш гласно да прочита некој стих. Се остава подлабок впечаток кога може да види што вели Библијата наместо само да го чуе тоа од тебе. Се разбира, за да му помогнеш да ја сфати смислата на текстот, нагласи ги зборовите што ја пренесуваат мислата.
-
-
Теократска школа за служба за 2002Нашата служба 2001 | Декември
-
-
3 Секојдневно читај ја Библијата: Ако обично ја имаме Библијата при рака, можеме да го искористиме секое слободно време што го имаме за да ја читаме. Повеќето од нас имаат неколку минути слободно време во текот на денот што можат да се искористат на тој начин. Колку само е корисно да прочитаме барем една страница секој ден, а тоа е сѐ што е потребно за да бидеме во чекор со програмата за читање на Библијата што е изнесена во распоредот за школата! (Псал. 1:1—3).
-