Песна 25
Божјите убави работи
1. Во свое време Бог
создал убавини,
за нас се потребни
и вредни дарови;
ја всадил вечноста
кај нас во срцата,
за живот секогаш
и радост бескрајна.
2. На Бога волја е
штедро да излева
врз сите благослов
за да го сакаат.
Со Божји творби
ќе се занимаваат.
Со нив во вечноста
Тој ќе престојува.
3. А сведочењето
за Божји добрини
е важна работа
— за Бог сме ревносни.
Тоа е дар од Бог
и нѐ усреќува,
убава работа
за нас претставува.
4. Со мудрост секој ден
ние живееме
и добро правиме
за Бог јавуваме.
Дел вреден за нас е
да проповедаме
и сѐ што правиме
за Бог Јехова е.