Песна 197
Пејте му мелодија на Јехова!
1. Со оваа мелодија
пееме на Јехова.
По негов налог Земјата
Исус под власт ја има.
Во триумф ракоплескаме
— многу Бог сторил за нас!
А самиот е достоен
фалба да прими од нас.
Бог Исуса го зацари,
сите ќе дознаат.
Тој започна да владее
— спремно разгласувај.
2. Живееме во времиња
полни со тага, мака;
ко в зима сѐ е студено,
очајно, без да сакаш.
Се ближи Милениумот
— злобата ќе ја снема;
на Земјата ќе има рај,
веселба, радост, песна.
Тој ден го очекуваме
— сѐ ново твори Бог.
За тоа да го видиме,
љубиме праведност.
3. Јехова има силна моќ,
луѓето му се плашат;
се грижи тој за оние
ревносно што се в служба.
Над сета Земја царува,
благослов нам ни дава.
Мелодија да пееме,
нему на чест и фалба.
О браќа, да продолжиме
Бог да го фалиме.
На престол славен седи тој
— чест му оддаваме.