ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/04 стр. 3-4
  • Писмо од Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писмо од Водечкото тело
  • Нашата служба за Царството 2004
Нашата служба за Царството 2004
km 3/04 стр. 3-4

Писмо од Водечкото тело

Драги браќа и сестри:

„ИМАЈТЕ незаслужена љубезност и мир од Бог, нашиот Татко, и од Господ Исус Христос“ (1. Кор. 1:3). Колку само копнееме по времето кога сѐ што дише ќе му ја оддава на Јехова славата што тој ја заслужува! (Псал. 150:6). Додека го чекаме тој голем ден, продолжуваме да ја објавуваме добрата вест за Божјето Царство и да правиме ученици.

Моментално, службата на евангелизирање е во центарот на Јеховиното дело на земјата (Мар. 13:10). Бидејќи сме сосем свесни колку е заинтересиран Јехова за ова дело, му пристапуваме во молитва, сфаќајќи дека секој човек има шанса да извлече корист од подготовката за откуп (Откр. 14:6, 7, 14, 15). Точно, се соочуваме со предизвици, но многу сме благодарни што сме „облечени во сила од висина“ за да ја извршиме оваа служба! (Лука 24:49).

Ни носи задоволство кога ќе погледнеме на изминатата службена година и кога ќе размислиме што постигнал Јехова преку своите лојални слуги. Со сила од светиот дух, Божјиот народ покажа љубов слична на Христовата, надминувајќи ја омразата во светот. Таквата љубов беше очигледна на нашите конгреси. Од јуни до декември 2003, делегати од преку сто земји патуваа на 32 меѓународни конгреси што се одржаа на шест континенти. На обласните и на меѓународните конгреси беа интервјуирани мисионери, меѓународни слуги и бетелски работници што служат во странство.

На овие конгреси ги добивме публикациите „Види ја добрата земја“ и „Учи од Големиот Учител“. Освен тоа, беше објавено дека при крајот на 2004 службена година се планира да се воведе ревидираниот учебник за Школата за пионерска служба. Постепено, долгогодишните пионери што веќе присуствувале на школата ќе се приклучат на класовите со понови пионери.

Поддршката од Бог и дарежливоста од луѓето овозможија да се изградат уште Сали на Царството, особено во земјите со ограничени средства. Поради сѐ поголемата потреба за духовна храна во целиот свет, во многу земји се одвиваат проекти за проширување на подружниците. Брошурата Радувај се на животот засекогаш на Земјата! сега излегува на 299 јазици, со вкупен тираж од 139 милиони примероци; Спознание кое води до вечен живот го надмина бројот од 93 милиони примероци на 161 јазик; а преку 200 милиони примероци од брошурата Што бара Бог од нас? се отпечатени на 267 јазици.

Им изразуваме срдечно добредојде на 258.845 лица што минатата службена година го симболизираа своето предание со крштавање во вода! Иако поради вашата поддршка на Божјето Царство станавте посебна мета на омразата на Сатана, со тоа исто така добивате посебен благослов и духовна заштита од Јехова додека ја трчате трката што е пред вас (Евр. 12:1, 2; Откр. 12:17). Да, бидете уверени дека ,Тој нема да задреме, вашиот чувар‘ (Псал. 121:3).

Годишниот стих за 2004, „Бдејте . . . Покажете се подготвени“, е многу навремен (Мат. 24:42, 44). Во Божјата реч, христијаните се опишани како привремени жители во овој систем на работи што умира (1. Петр. 2:11; 4:7). Затоа, треба да останеме сосредоточени на духовните работи, да го задржиме животот едноставен и внимателно да си го преиспитуваме срцето. „Големиот змев“ сака да нѐ проголта и да нѐ претопи во неговиот систем на работи (Откр. 12:9).

За да ја задржиме нашата будност, неопходно е секојдневно да ја читаме Библијата. Тоа може да ни помогне ,нашето Да да значи Да‘ кога станува збор за нашето предание и ,цврсто да се држиме за довербата што ја имавме во почетокот, непоколебливо до крај‘ (Јак. 5:12; Евр. 3:14). Секојдневното читање на Библијата може да ни помогне да си спомнуваме колку многу застранил светот од непроменливите мерила на Бог (Мал. 3:6; 2. Тим. 3:1, 13). Библиското спознание може да ни помогне да одбегнеме „препредено смислени лажни прикаски“ и да му останеме верни на Јехова (2. Петр. 1:16; 3:11).

Родители, додека ги подигате своите деца во дисциплина и во Јеховино умствено насочување, дали им помагате да си постават духовни цели и да ,бдеат‘? (Ефеш. 6:4). Ги воспитувате ли да гледаат на својата иднината онака како што гледал најмудриот човек што некогаш живеел на земјата? Исус можел да биде најдобриот дрводелец, изумител или лекар што некогаш живеел, но наместо тоа тој ја избрал полновремената служба. Нека неговиот пример ве поттикне да им помогнете на вашите деца да ги стават интересите на Царството на прво место во нивниот живот.

Класата на верниот роб, чиј претставник е Водечкото тело, од сѐ срце му е благодарна на ,големото мноштво‘ што ни помага да ја извршиме нашата должност ,оваа добра вест за царството да ја проповедаме по целата населена земја за сведоштво‘ (Откр. 7:9; Мат. 24:14, 45). Вие, драги наши, го имате уверувањето од Јехова дека тој не го заборава „вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име, со тоа што им служевте на светите и понатаму им служите“ (Евр. 6:10). Додека во Годишникот за 2004 ги читате возбудливите искуства и ги гледате резултатите од вашите обединети напори, знајте дека вие играте важна улога во давањето сведоштво низ целиот свет.

Храбро соочете се со иднината додека и понатаму ,внимателно гледате на добивањето на наградата‘, не дозволувајќи ниеден човек ниту демон да ве лиши од неа (Евр. 11:26; Кол. 2:18). Да, имајте доверба во Јехова, сигурни дека тој ќе им помогне на сите што го сакаат за да ја добиете полнотата на животот (Јован 6:48—54).

Бидете уверени дека се радуваме што служиме заедно со вас за фалба на Јеховината слава.

Вашите браќа

Водечко тело на Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели