ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Нашиот Голем Творец се грижи за нас!
    Нашата служба 1999 | Февруари
    • Нашиот Голем Творец се грижи за нас!

      1 Во своите настојувања да расудува со непослушниот Израел, Јехова прашал: „Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Господ Бог, Кој ги создал краиштата на земјата, не се изморува и не изнемоштува“ (Иса. 40:28). Ние го познаваме нашиот Голем Творец и ја гледаме неговата грижа полна со љубов кон нас. Меѓутоа, милиони луѓе се сомневаат во неговото постоење или, пак, нивниот концепт за него не одговара на она што се наоѓа во Библијата. Како можеме да им помогнеме?

      2 Новата книга Постои ли Творец кој се грижи за нас? е наменета за да им помогне на таквите луѓе. Таа ги поттикнува луѓето кои размислуваат да резонираат за фактите. Интересниот материјал и убедливите аргументи во оваа книга треба да ги пленат оние што ја читаат.

      3 Запознај се со книгата Творец: Имај го во мислите основниот преглед на нејзината содржина. Поглавјата 2 до 5 разгледуваат како настанал универзумот, животот и човекот и што стои зад сето тоа. Поглавјата 6 до 9 ја истражуваат Библијата и нејзиниот Автор, а посебно дали извештајот за создавањето од 1. Мојсеева е веродостоен. Поглавјето 10 дава задоволителен одговор на едно од најзбунувачките прашања што ги поставува човекот: „Ако Творецот се грижи, зошто постои толкаво страдање?“

      4 Обиди се да расудуваш со оние кои се сомневаат: На страници 78 и 79 од книгата Творец е изнесен еден редослед на расудување кој можеш да го користиш за да им помогнеш на другите да дојдат до исправен заклучок во врска со Бог. Прашај ги: „Дали универзумот имал почеток?“ Повеќето ќе се согласат дека имал. Ако е така, прашај: „Дали тој почеток бил без никаква причина или, пак, бил предизвикан?“ Повеќето признаваат дека бил предизвикан. Ова води до крајното прашање: „Дали почетокот на универзумот бил предизвикан од нешто вечно или од некој вечен?“ Овој пристап може многумина да ги наведе на тоа да увидат дека мора да постои Творец.

      5 Книгата Творец е токму она што им е потребно на многу луѓе. Сподели ја со своите роднини, колеги, соученици и други познаници. Носи ја со себе во службата за да ја врачиш кога ќе сретнеш некои кои се сомневаат во постоењето на Бог. Колку повеќе ќе се запознаеме со оваа книга, толку посилна ќе стане нашата љубов кон Творецот, поттикнувајќи нѐ да продолжиме да одиме во склад со неговите возвишени мерила (Ефеш. 5:1; Откр. 4:11).

  • ,Облечете ја новата личност‘
    Нашата служба 1999 | Февруари
    • ,Облечете ја новата личност‘

      1 Христијаните го ценат тоа што ја познаваат вистината! Сме научиле како да живееме за да го избегнеме правецот на оние кои се во светот. Со тоа што се „отуѓени од животот кој му припаѓа на Бог“, тие „умствено се наоѓаат во темнина“ (Ефеш. 4:18, NW). Бевме поучени да го промениме својот ум од световното размислување со тоа што ќе ја соблечеме старата личност и ќе ја облечеме новата (Ефеш. 4:22—24, NW).

      2 Старата личност води до постојано паѓање во морална деградација, од што произлегуваат валканост и смрт. Затоа, ги повикуваме оние кои ќе ја слушнат пораката на Царството да ги отфрлат гневот, лутината, злобата, погрдниот говор и непристојното зборување. Оние кои ја посакуваат Божјата наклоност мораат да ја отфрлат старата личност одлучно и потполно — онака како што би соблекле извалкана облека (Кол. 3:8, 9).

      3 Нова сила која го покренува умот: Облекувањето на новата личност вклучува обновување на силата која го покренува нашиот ум (Ефеш. 4:23, NW). Како може некој да ја обнови таа сила, односно умствена настроеност, за да биде насочена во исправен правец? Тоа се прави со редовно и трудољубиво проучување на Божјата Реч и со медитирање за нејзиното значење. Тогаш се развива еден нов образец на размислување и лицето гледа на работите од гледиште на Бог и Христос. Неговиот живот се менува додека се облекува во многуте особини слични на Христовите, вклучувајќи сочувство, љубезност, понизност на умот, благост, долготрпеливост и љубов (Кол. 3:10, 12—14).

      4 Со тоа што ја облекуваме новата личност, ние се издвојуваме од светот. На иот начин на живот нѐ прави поинакви. Ја зборуваме вистината и користиме здрав говор за да ги изградиме другите. Ја контролираме нашата лутина, огорченост, викање, навредување и сета злоба, и сето тоа го заменуваме со праведни, побожни особини. Со тоа што простуваме, ние одиме подалеку од она што обично се бара од нас. Сето ова го правиме спремно и од срце (Ефеш. 4:25—32).

      5 Никогаш не ја соблекувај новата личност. Не можеме прифатливо да му служиме на Јехова без неа. Допушти таа да ти помогне да ги привлечеш луѓето кон вистината и допушти да биде на слава на Јехова, Творецот на нашата прекрасна нова личност (Ефеш. 4:24).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели