-
‚Служи му на Јехова со радост‘Нашата служба 2003 | Октомври
-
-
‚Служи му на Јехова со радост‘
1. Што може да биде извор на голема радост за слугите на Јехова?
1 „Секогаш радувајте се во Господ“, напишал апостол Павле. „Уште еднаш ќе речам: радувајте се!“ (Фил. 4:4). Предноста да ја споделуваме добрата вест и да им помагаме на лицата слични на овци да го обожаваат Јехова е извор на голема радост (Лука 10:17; Дела 15:3; 1. Сол. 2:19). Меѓутоа, што можеме да направиме ако увидиме дека понекогаш ни фали радост во нашата служба?
2. Како може тоа што ќе го задржиме во фокус изворот на нашиот налог да придонесе за нашата радост?
2 Дело заповедано од Бог: Не заборавај дека нашиот налог да проповедаме доаѓа од Јехова. Да, колку сме само привилегирани што сме „Божји соработници“ во објавувањето на пораката за Царството и во правењето ученици! (1. Кор. 3:9). Христос Исус е со нас во ова дело што никогаш повеќе нема да се повтори (Мат. 28:18—20). Ангелите исто така се активно вклучени и работат со нас во големата духовна жетва што сега се одвива (Дела 8:26; Откр. 14:6). Библијата и искуствата на Божјиот народ даваат очигледен доказ дека Јехова го поддржува ова дело. Затоа, кога проповедаме, ние одиме „како испратени од Бог, пред Божји очи, во заедништво со Христос“ (2. Кор. 2:17). Колку само силна причина за радост!
3. Каква улога има молитвата за да ја задржиме нашата радост во службата за Бог?
3 Молитвата е неопходна за да ја задржиме нашата радост во службата за Бог (Гал. 5:22). Бидејќи можеме да го вршиме Божјето дело само со неговата сила, треба горливо да го молиме за неговиот свет дух што дарежливо им го дава на оние што го бараат од него (Лука 11:13; 2. Кор. 4:1, 7; Ефеш. 6:18—20). Тоа што ќе се молиме за нашата служба ќе ни помогне да задржиме исправно гледиште кога се соочуваме со негативен одѕив. Тоа ќе нѐ оспособи да продолжиме да проповедаме смело и радосно (Дела 4:29—31; 5:40—42; 13:50—52).
4. Како ни помага добрата подготовка да ја зголемиме нашата радост во проповедањето, и кои се некои практични начини на кои можеме да се подготвиме?
4 Подготви се добро: Еден практичен начин да ја зголемиме нашата радост кога учествуваме во службата е така што ќе се подготвиме добро (1. Петр. 3:15). Таквата подготовка не мора да бара многу време. Потребни се само неколку минути за да се разгледаат предложените презентации за тековните списанија или некоја презентација што одговара за литературата која планираш да ја нудиш. За пригодни воведи можеш да погледнеш во книгата Расправљање или во минатите изданија на Наша служба за Царството. На некои објавители на Царството им е од помош да си напишат некоја презентација на картичка. Одвреме навреме, погледнуваат на картичката за да се потсетат. Тоа им помага да ја надминат плашливоста и им влева сигурност да проповедаат со смелост.
5. Како ни користи радоста нам и на другите?
5 Радоста донесува многу користи со себе. Радосниот став ја прави нашата порака попривлечна. Радоста нѐ зајакнува да истраеме (Неем. 8:10; Евр. 12:2). Пред сѐ, нашата радосна служба го велича Јехова. Затоа, да му ‚служиме на Јехова со радост‘ (Псал. 100:2, NW).
-
-
Што да речеш за списанијатаНашата служба 2003 | Октомври
-
-
Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 окт.
„Многу одлуки со кои се соочуваме имаат долгорочни последици врз нашиот живот. Што може да ни помогне да избегнеме да донесуваме немудри одлуки? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Пословици 3:6.] Ова издание на Стражарска кула изнесува пет упатства темелени на Библијата што можат да ни помогнат да донесуваме мудри одлуки.“
Стражарска кула 1 ное.
„На сите нам некогаш ни била изневерена довербата. Сте се прашале ли некогаш: ‚Има ли некој во кого можам да имам доверба?‘ [Дозволи одговор. Потоа прочитај Пословици 3:5.] Ова списание објаснува зошто можеме да ја положиме целата наша доверба во Бог. Исто така, дискутира за тоа како можеме да одредиме кои луѓе се достојни да имаме доверба во нив.“
Разбудете се! 8 ное.
„Повеќето од нас познаваат некого што има дијабетис. Знаете ли нешто за оваа болест? [Покажи ја насловната страница на списанието, и дозволи одговор.] Ова списание ги испитува причините за дијабетисот и начините на лекување. Исто така, дискутира за библиското ветување за трајно лекување на сите болести.“ Заврши така што ќе прочиташ Исаија 33:24.
-