ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Покажете се подготвени“
    Нашата служба 2003 | Ноември
    • „Покажете се подготвени“

      1 Во своето значајно пророштво во врска со завршетокот на овој систем на работи, Исус предупредил да не станеме преокупирани со секојдневните животни грижи (Мат. 24:36—39; Лука 21:34, 35). Бидејќи големата неволја може да избувне во секој миг, неодложно е да го послушаме предупредувањето на Исус: „Покажете се подготвени, зашто Синот човечки доаѓа во час кога ни не мислите“ (Мат. 24:44). Што може да ни помогне во овој поглед?

      2 Да се бориме со грижите и пречките: Една духовна стапица од која мораме да се пазиме се „животните грижи“ (Лука 21:34). Во некои земји, поради сиромаштијата, невработеноста и високите животни трошоци, е тешко да се обезбедат неопходните работи за живот. Во други земји, стекнувањето материјални работи е нешто вообичаено. Ако грижата за материјалните работи почне да доминира во нашите мисли, во опасност сме да го изгубиме фокусот од стварностите на Царството (Мат. 6:19—24, 31—33). Собраниските состаноци ни помагаат да го задржиме тој фокус. Дали имаш цел да присуствуваш на секој состанок? (Евр. 10:24, 25).

      3 Денес светот е полн со пречки што можат лесно да ни го украдат скапоценото време. Користењето на компјутерот може да стане стапица ако некој поминува премногу време за да прелистува по Интернет, за да чита и да праќа e-mail или за да игра компјутерски игри. Безброј часови можат да се изгубат на телевизија, филмови, хобија, читање световен материјал или на спорт, со што ни останува малку време или енергија за духовни стремежи. Иако рекреацијата и разонодата можат привремено да нѐ освежат, личната и семејната библиска студија донесуваат вечни користи (1. Тим. 4:7, 8). Си откупуваш ли време за да медитираш за Божјата реч секој ден? (Ефеш. 5:15—17).

      4 Колку само можеме да бидеме благодарни што Јеховината организација направила програма на духовна поука што ќе ни помогне ‚да го избегнеме сето она што треба да се случи, и да стоиме пред Синот човечки‘! (Лука 21:36). Добро да ги искористиме овие подготовки и ‚да се покажеме подготвени‘ за да може нашата вера да биде „причина за фалба и слава и чест при откровението на Исус Христос“ (1. Петр. 1:7).

  • Пофалбата зајакнува
    Нашата служба 2003 | Ноември
    • Пофалбата зајакнува

      1 „Зарем не бев умна денес?“ липало малото девојченце пред да си легне. Тоа прашање ја изненадило мајката. И покрај тоа што забележала колку многу нејзиното девојченце се труди да се однесува добро тој ден, таа пропуштила да каже макар и еден збор на пофалба. Солзите на тоа девојченце треба да ни служат како потсетник дека на сите нас — и млади и стари — ни треба пофалба. Дали ги зајакнуваме другите околу нас така што им искажуваме ценење за доброто што го прават? (Посл. 25:11).

      2 Сохристијаните ни даваат многу добри причини за да ги пофалиме. Старешините, слугите помошници и пионерите напорно работат за да ги исполнат своите одговорности (1. Тим. 4:10; 5:17). Богобојазливите родители даваат сѐ од себе за да ги подигнат своите деца на патот на Јехова (Ефеш. 6:4). Христијанските младинци водат тешка борба за да се спротивстават на „духот на светот“ (1. Кор. 2:12; Ефеш. 2:1—3). Други верно му служат на Јехова и покрај староста, здравствените проблеми или други испити (2. Кор. 12:7). Сите тие заслужуваат пофалба. Дали ги цениме нивните напори што се за пофалба?

      3 Лични и конкретни: Сите ние се радуваме кога ќе чуеме пофалба од подиумот. Меѓутоа, пофалбата уште повеќе зајакнува кога ни е упатена лично нам. На пример, во 16. поглавје од своето писмо до Римјаните, Павле, покрај оние за другите, кажал конкретни изрази на пофалба и за Фива, Приска и Акила, Трифена и Трифоса и Персида (Рим. 16:1—4, 12). Колку мора да ги зајакнале тие зборови овие верни лица! Таквата пофалба ги уверува нашите браќа и сестри дека се потребни и помага да се зближиме уште повеќе. Дали во последно време си дал некоја конкретна пофалба? (Ефеш. 4:29).

      4 Од срце: За да биде навистина зајакнувачка, пофалбата мора да биде искрена. Луѓето можат да препознаат дали зборуваме од срце или само ‚ласкаме со својот јазик‘ (Посл. 28:23). Додека вежбаме да го забележуваме доброто кај другите, нашето срце ќе биде поттикнато да даде пофалба. Великодушно да даваме пофалба, имајќи на ум дека „зборот во право време колку е добар!“ (Посл. 15:23).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели