-
Строго пази како го користиш времетоНашата служба 2004 | Јануари
-
-
Строго пази како го користиш времето
1. Со кој предизвик денес се соочуваат луѓето насекаде?
1 Во оваа доба на толку апарати што заштедуваат и време и труд, на многумина им се чини дека има сѐ повеќе работи што треба да се направат и сѐ помалку време кога да се направат. Дали ти е предизвик да задржиш добра духовна рутина? Дали посакуваш да имаш повеќе време за службата? Како можеме најдобро да го искористиме своето време? (Псал. 90:12; Фил. 1:9—11).
2, 3. Какви предизвици носи техниката за информирање, и како може секој од нас да се преиспита?
2 Препознај ги работите што ти го одземаат времето: Сите ние треба одвреме навреме да се преиспитаме како го користиме своето време. Библијата поттикнува: „Строго пазете да не одите како немудри, туку како мудри, откупувајќи си го поволното време зашто деновите се зли“ (Ефеш. 5:15, 16). Разгледај ги проблемите што ги носи напредокот во техниката за информирање. Иако се корисни, компјутерите и другите електронски апарати можат да станат замка ако не пазиме строго на тоа како го користиме нашето време (1. Кор. 7:29, 31).
3 Секој од нас треба да се запраша: ,Дали секој ден поминувам време за да читам или за да одговорам на e-mail пораки што на крај само ќе ме изнервираат? Дали често телефонирам или праќам електронски пораки за безначајни работи? (1. Тим. 5:13). Дали шетам по Интернет без некоја причина или дали бесцелно префрлам од еден канал на друг додека гледам телевизија? Дали мојата преокупација со електронски игри почнала да ми го одзема времето за проучување на Божјата реч?‘ Овие работи можат лукаво да ни ја уништат духовноста (Посл. 12:11).
4. Какво преиначување направил еден младинец, и зошто?
4 Мудро да се користи времето: Електронските апарати имаат тенденција да ни го заробат и времето и вниманието. Еден младинец што бил длабоко вовлечен во компјутерските игри признал: „Понекогаш кога играв на компјутерот пред да одам во служба или на состанок, потоа ми беше многу тешко да се концентрирам. Речиси секогаш размислував како ќе решам некој проблем од извесна игра кога ќе се вратам дома. Трпеа личната студија и редовното читање на Библијата. Почна да ми опаѓа радоста во службата за Бог“. Сфаќајќи дека треба да направи промени, ги избришал сите компјутерски игри. „Тоа беше навистина тешко“, си спомнува тој. „Бев поприврзан за игрите отколку што мислев. Но, исто така, доживеав и големо чувство на победа зашто знаев дека тоа го направив за мое добро“ (Мат. 5:29, 30).
5. Како можеме да си откупиме време за духовни стремежи, и каква корист извлекуваме од тоа?
5 Можеби ќе биде неопходно да преземеш такви мерки ако има некои подрачја на кои треба да направиш преиначувања. Би можел ли да си откупиш половина час секој ден од неважните работи? Отприлика толку време ти е потребно за да ја прочиташ Библијата за една година. Колку наградувачки ќе биде тоа во духовен поглед! (Псал. 19:7—11; 119:97—100). Одреди си конкретно време за да ја читаш Библијата, за да се подготвуваш за состаноците и за служба на теренот (1. Кор. 15:58). Тоа ќе ти помогне да ги држиш под контрола работите што ти го одземаат времето и ќе ти помогне и ,понатаму да согледуваш која е Јеховината волја‘ (Ефеш. 5:17).
-
-
Што да речеш за списанијатаНашата служба 2004 | Јануари
-
-
Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 јан.
„Бидејќи неисполнетите ветувања се толку вообичаени денес, на многумина им е тешко да положат доверба во кого и да било. Мислите ли дека има некого во чиишто ветувања можеме да веруваме? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Исус Навин 23:14.] Ова списание покажува како можеме да стекнеме доверба во Божјите ветувања што се запишани во Библијата.“
Стражарска кула 1 фев.
„Повеќето луѓе се грижат за своето физичко здравје. Меѓутоа, неодамнешните испитувања покажуваат дека врз нашата благосостојба влијае и нашата духовност. Мислите ли дека тоа е можно? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Матеј 5:3.] Ова издание на Стражарска кула дискутира за тоа како да ги задоволиме нашите духовни потреби.“
Разбудете се! 8 фев.
„Сте забележале ли дека сѐ почесто слушаме за микроби што се отпорни на медицински третман? [Дозволи одговор.] Ова списание ги испитува причините за тоа и покажува што можеме да направиме за да се заштитиме. Исто така, дискутира и за библиското ветување за свет каде што никој нема да биде болен.“ Прочитај Исаија 33:24.
-