-
Публиката охрабрена и зајакнатаИзвлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
-
-
Покажи восхит од она што Бог го прави сега. Кога настојуваш да ги охрабриш браќата, сврти внимание кон она што Јехова го прави токму сега. Ако за овие работи зборуваш на начин од кој се гледа дека те восхитуваат, ќе побудиш слични чувства и во срцата на твоите слушатели.
Разгледај како Јехова ни помага да се справиме со животните притисоци. Тој ни го покажува најдобриот начин на живот (Иса. 30:21). Ги објаснува причините за криминалот, неправдата, сиромаштијата, болеста и смртта и ни кажува дека ќе им стави крај на сите нив. Нѐ опкружил со братство полно со љубов. Ни ја дава скапоцената предност — молитвата. Ни ја доверува предноста да бидеме негови Сведоци. Ни ги отвора очите да видиме дека Христос веќе е востоличен на небото и дека последните денови на стариот систем брзо истекуваат (Откр. 12:1-12).
На тие благослови додај ги уште и нашите собраниски состаноци, собирите и конгресите. Кога за овие подготовки зборуваш на начин што покажува вистинско ценење за нив, ќе ја зајакнеш решеноста на другите да не го занемаруваат собирањето со своите браќа (Евр. 10:23-25).
Извештаите што даваат доказ за Јеховиниот благослов врз нашите напори во службата на теренот се исто така извор на сила. Во првиот век, кога биле на пат за Ерусалим, Павле и Варнава им причиниле „голема радост на сите браќа“ раскажувајќи им подробно за обраќањето на луѓето од нациите (Дела 15:3). И ти можеш да им донесеш голема радост на браќата споделувајќи со нив изградувачки искуства.
До додатно охрабрување ќе дојде кога на поединци им се помага да ја увидат вредноста на она што го прават. Пофали ги за нивниот удел во христијанската служба. Пофали ги оние чија активност е сериозно ограничена поради старост и болест, но покажуваат верна истрајност. Потсети ги дека Јехова не ја заборава љубовта што ја покажуваат кон неговото име (Евр. 6:10). Верата докажана под испит е бесценет посед (1. Петр. 1:6, 7). Нашите браќа треба да бидат потсетени на тоа.
Со чувство зборувај за надежта што стои пред нас. Инспирираните ветувања за работите што ќе дојдат се главен извор на охрабрување за сите што го љубат Бог. Можеби повеќемина од публиката честопати ги слушаат тие изрази. Но, со ценењето што го покажуваш кога зборуваш за овие ветувања, можеш да им ги оживееш, да всадиш доверба дека тие ветувања ќе се исполнат и да предизвикаш срцата да се прелеваат од благодарност. Применувањето на наученото во Теократската школа за служба може да ти помогне во тоа.
Самиот Јехова е Голем Охрабрувач и Дарител на сила на својот народ. Сепак, можеш да соработуваш со него во пренесувањето на тие благослови. Кога зборуваш пред собранието, добро искористи ја приликата за да го сториш тоа.
-
-
Продолжи да напредувашИзвлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
-
-
Продолжи да напредуваш
ДАЛИ лично работеше на секоја од точките за совет во програмата на оваа школа? Дали ги заврши и предложените вежби? Дали ја применуваш секоја точка кога држиш говори, сеедно дали е тоа во школата или на другите состаноци, и кога учествуваш во службата на теренот?
Продолжи да извлекуваш корист од образованието во Теократската школа за служба. Сеедно колку долго веќе држиш говори, постојат подрачја на кои можеш и понатаму да напредуваш.
-