Песна 208
Песна на радоста
1. Трубите ечат, песни се пеат,
Божјиот Син сега царува.
Цимбали трештат; облеки блештат.
Извик се слуша низ Земјата.
(Рефрен)
2. За Царство веста, порака вредна,
мнозина кон Бог привлекува.
Песна се лее, на глас се пее
по цела Земја за радоста!
(Рефрен)
3. Полни со милост, спремни за помош
кон сето братство да бидеме.
Песната наша — за Бога фалба
— од срце ја принесуваме.
(РЕФРЕН)
Ден на Јехова е. (Дојдете.)
Царството вечно е. (Среќно!)
Секое суштество (радосно)
со песна да го фали Бог:
„На тебе Боже спасот се должи,
но и на Исуса, Царот наш“.