ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Зошто Јеховините сведоци продолжуваат да те посетуваат?
    Стражарска кула 2004 | 15 Февруари
    • Зошто Јеховините сведоци продолжуваат да те посетуваат?

      Упорноста со која Јеховините сведоци ја извршуваат нивната служба од куќа до куќа е добро позната низ целиот свет. Некои луѓе се чудат зошто Сведоците продолжуваат да ги посетуваат, особено ако пред тоа покажале мал интерес за нивната порака. Две писма од Русија помагаат да се разјасни причината.

      „Да бидам искрена“, признава Маша, 19-годишна девојка од Кабаровск, „порано бегав од Јеховините сведоци како од чума.“ Но, откако прочитала неколку примероци на списанијата што ги издаваат Сведоците, го променила својот став. „Сѐ е толку интересно и поучно“, пишува Маша, „но, најважно од сѐ, те тера да гледаш поинаку на светот. Полека почнав да сфаќам зошто го живееме животот“.

      Светлана, од градот Усуријск, околу 80 километри северно од Владивосток, напишала: „Од неодамна почнав да ги читам Стражарска кула и Разбудете се! Овие списанија се многу потребни во нашево време. Ми се допаѓаат сите статии. Многу се интересни, информативни и поучни. Ви благодарам! Многу сум ви благодарна што ве има во овој свет и што вршите едно толку љубезно и неопходно дело“.

      Јеховините сведоци низ целиот свет сериозно го сфаќаат прашањето на апостол Павле кое поттикнува на размислување: „А како ќе чујат [луѓето] ако некој не проповеда?“ (Римјаните 10:14). Зошто не одвоиш неколку минути за да ги сослушаш Сведоците следниот пат кога ќе те посетат? Можеби и тебе ќе ти се допадне пораката на утеха што се наоѓа во Божјата реч, Библијата.

  • Дали би сакале да бидете посетени?
    Стражарска кула 2004 | 15 Февруари
    • Дали би сакале да бидете посетени?

      Дури и во овој свет оптоварен со проблеми, можете да пронајдете среќа преку точното библиско спознание за Бог, за неговото Царство и за неговата прекрасна намера со човештвото. Ако сакате повеќе информации или би сакале некој да Ве посети во Вашиот дом и бесплатно да ја проучува Библијата со Вас, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 1 000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 2.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели