-
Писмо од Водечкото телоОрганизирани за да ја вршиме Јеховината волја
-
-
Писмо од Водечкото тело
Драг објавителе на добрата вест,
За сите нас е огромна чест тоа што можеме обединето да му служиме на единствениот вистински Бог, Јехова! Ние сме „Божји соработници“ затоа што тој ни дал задача да учествуваме во едно свето дело со кое се спасуваат животи — да проповедаме и да поучуваме за добрата вест за Царството (1. Кор. 3:9; Мат. 28:19, 20). За да го вршиме ова меѓународно дело во мир и единство, мора да бидеме добро организирани (1. Кор. 14:40).
Оваа книга ќе ти помогне да разбереш како функционира христијанското собрание денес. Во неа се зборува за задачите и одговорностите што ги имаме како Јеховини сведоци. Ако ги цениме своите задачи и ако спремно ги извршуваме, ќе се зацврстиме во верата (Дела 16:4, 5; Гал. 6:5).
Затоа, те поттикнуваме внимателно да ја проучиш. Размислувај на кои начини можеш да ги примениш во својот живот информациите изнесени во неа. На пример, ако неодамна си станал некрстен објавител, кои чекори треба да ги преземеш за да се крстиш како Јеховин сведок? Или, ако веќе си крстен, што треба да направиш за да растеш во духовен поглед и да ја зголемиш својата служба за Јехова? (1. Тим. 4:15). Како можеш да придонесеш во собранието да владее мир? (2. Кор. 13:11). Оваа книга ќе ти помогне да ги дознаеш одговорите на овие прашања.
Ако си крстен брат, како можеш да ги исполниш условите да служиш како слуга-помошник, а потоа и како старешина? Бидејќи илјадници нови лица стануваат дел од Божјата организација, има голема потреба од браќа кои ќе ги исполнат условите да преземат водство. Во оваа книга ќе видиш како можеш да ги оствариш овие духовни цели (1. Тим. 3:1).
Сесрдно се молиме оваа книга да ти помогне да сфатиш кое е твоето место во Јеховината организација и да го цениш. Многу те сакаме и се молиме и ти да бидеш меѓу оние кои радосно ќе му служат на нашиот небесен Татко, Јехова, во сета вечност (Пс. 37:10, 11; Иса. 65:21-25).
Твоите браќа,
Водечко тело на Јеховините сведоци
-
-
Организирани за да ја вршиме Јеховината волјаОрганизирани за да ја вршиме Јеховината волја
-
-
ПОГЛАВЈЕ 1
Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
ВО СВЕТОТ постојат многу религиозни, политички, трговски и општествени организации со различни обележја, цели, гледишта и идеи. Но, има една организација која се издвојува од сите други. Тоа се Јеховините сведоци. Тие се разликуваат од другите затоа што се држат за библиските начела во сѐ што прават.
2 Убаво е што сега и ти си дел од Јеховината организација. Откако си се уверил која е Божјата волја, се трудиш да живееш во склад со неа (Пс. 143:10; Рим. 12:2). Имаш чест да служиш рамо до рамо со твоите браќа и сестри од целиот свет меѓу кои владее љубов (2. Кор. 6:4; 1. Пет. 2:17; 5:9). Токму како што ветил Бог во својата Реч, ова ти носи големи благослови и неизмерна среќа (Изр. 10:22; Мар. 10:30). Со тоа што верно ја извршуваш Јеховината волја денес, се подготвуваш за прекрасната иднина која лежи пред тебе (1. Тим. 6:18, 19; 1. Јов. 2:17).
3 Нашиот Творец има уникатна меѓународна организација која е водена на теократски начин. Тоа значи дека ја води Јехова, кој е Глава на сѐ. Ние имаме потполна доверба во него. Тој е наш Судија, Законодавец и Цар (Иса. 33:22). Бидејќи е Бог на редот, нѐ организирал за да можеме да соработуваме со него додека ја исполнува својата намера (2. Кор. 6:1, 2).
4 Како што се приближува крајот на овој свет, продолжуваме верно да служиме под власта на Исус Христос, кого Јехова го поставил за Цар (Иса. 55:4; Отк. 6:2; 11:15). Самиот Исус прорекол дека неговите следбеници ќе прават поголеми дела од оние што ги правел тој во текот на својата служба на Земјата (Јован 14:12). Тој знаел дека тие ќе ја објавуваат добрата вест подолго време, ќе бидат во поголем број и ќе проповедаат на поголемо подрачје. Пораката за Царството ќе се раширела до сите краеви на Земјата (Мат. 24:14; 28:19, 20; Дела 1:8).
5 Ова навистина и се случило. Сепак, Исус јасно кажал дека добрата вест ќе се проповеда сѐ до времето што го одредил Јехова. Пророштвата од Божјата Реч покажуваат дека Јеховиниот голем и страшен ден е многу близу (Јоил 2:31; Соф. 1:14-18; 2:2, 3; 1. Пет. 4:7).
Треба уште повеќе да се трудиме да го правиме она што Бог го бара од нас. За таа цел, важно е да бидеме добро запознаени со начинот на кој функционира Божјата организација
6 Бидејќи знаеме која е Јеховината волја во ова време на крајот, треба уште повеќе да се трудиме да го правиме она што Бог го бара од нас. За таа цел, важно е да бидеме добро запознаени со начинот на кој функционира Божјата организација и потполно да соработуваме со неа. Организацијата се води по начелата, заповедите, законите, наредбите, одредбите и учењата кои се запишани во Божјата Реч под водство на светиот дух (Пс. 19:7-9).
7 Кога Јеховините слуги цврсто се држат за Библијата, живеат и соработуваат во мир и единство (Пс. 133:1; Иса. 60:17; Рим. 14:19). Што е тоа што ги обединува и зближува Божјите слуги од целиот свет? Љубовта. Таа е
-