Песна 91
Поучени од Јехова
1. Јехова праќа светлина;
наш учител е Голем.
Нѐ води тој трпеливо,
ко Водител е моќен.
Јехова е Врховниот
— по цел свет да се знае;
тој љубезно поучува
за кротки да поттикнува.
На Земјата дур Исус бил
дал поуки на сите,
за сѐ од Бог што научил,
за Царството им зборел.
Ко квачката пилињата,
од љубов тој нѐ собира
за кротки да поучува
и денес како некогаш.
2. Јехова дава пастири
со увид да нѐ учат.
По говорот се познава
— со чисто срце служат.
На уморни помагаат,
непокорни ќе смират.
Дур учат што е вистина,
Јехова го радуваат.
Бог сега нѐ поучува
со посредство на Исус.
Ја дознавме вистината;
ја сметаме за предност.
Штом гори наклоност во нас
кон жедните за правда, спас.
Им носиме ним порака,
Бог да го обожаваат.
3. Чуј, повикот е: „Дојдете
и учете за Бога!“
Со делото на поука
да најдат спас ќе можат.
Да, добра вест за Царството
на сите им се носи
дал’ усно или писмено
на племиња и народи.
И штом соработуваме
ќе растеме во вера.
Во чекор со вистината
за Царството сме в служба.
И сите што ќе воскреснат
в Милениум ќе добијат
за живот вредна поука
да останат на Земјата.