ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 24 стр. 160-стр. 165 пас. 1
  • Избор на зборови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Избор на зборови
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Мудро користи го својот јазик
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Зборувај го она што „изградува“
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Течно изнесување
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Изградувај ги другите со своите зборови
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 24 стр. 160-стр. 165 пас. 1

СТУДИЈА 24

Избор на зборови

Што треба да правиш?

Користи зборови што покажуваат почит и љубезност, зборови што се лесно разбирливи, му даваат разновидност на твоето говорење и пренесуваат соодветна живост и чувство. Користи ги зборовите на таков начин што ќе бидат во согласност со граматичките правила.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Тоа покажува почит кон пораката што ја пренесуваш и открива многу за твојот став кон луѓето на кои им се обраќаш. Влијае и врз тоа како другите ќе реагираат на она што го кажуваш.

ЗБОРОВИТЕ се моќни алатки за комуникација. Но, за нашите зборови да постигнат одредена цел, треба внимателно да ги избереме. Некој збор што одговара во една прилика, може да има погрешен ефект под поинакви околности. Ако се користи неправилно, еден живописен израз може да стане ,збор што предизвикува болка‘ (NW). Користењето такви изрази може едноставно да испадне непромислено, да одразува недостиг на обѕир. Некои термини имаат по две значења, од кои едното е навредливо или понижувачко (Посл. 12:18; 15:1). Од друга страна, пак, „добриот збор“ — збор што охрабрува — донесува радост во срцето на оној кому му се упатува (Посл. 12:25). Наоѓањето вистински зборови бара напор, дури и за еден мудар човек. Соломон, како што кажува Библијата, бил свесен за потребата да бара „прекрасни зборови“ и „точни зборови на вистината“ (Проп. 12:10, NW).

На некои јазици, извесни изрази се користат при обраќање на постари или на некои што се наоѓаат на авторитетна положба, додека поинакви изрази се користат при обраќање на врсници или на помлади. Игнорирањето на таквата учтивост се смета за нешто некултурно. Исто така, невкусно е за себе да се користат изрази на почит кои локалниот обичај ги резервирал за другите луѓе. Во врска со укажувањето чест, мерилото што го поставува Библијата е повисоко од она што можеби го налага законот или локалниот обичај. Таа ги поттикнува христијаните да ,им искажуваат чест на сите видови луѓе‘ (1. Петр. 2:17). Оние што го прават тоа од срце, со луѓето од сите возрасти разговараат на начин што покажува почит.

Се разбира, многу луѓе кои не се вистински христијани користат некултурен и вулгарен јазик. Можеби сметаат дека простачкиот јазик уште повеќе го нагласува она што го кажуваат. Или, фактот што го користат само одразува, за жал, сиромашен вокабулар. Ако некој од навика користел таков говор пред да дознае за Јеховините начини на постапување, можеби ќе му биде тешко да прекине со таа навика. Сепак, можно е. Божјиот дух може да му помогне да ги промени обрасците на говорење. Меѓутоа, тој мора да биде спремен и да гради вокабулар полн со добри зборови — зборови што го пренесуваат она што е поволно, зборови што изградуваат — и потоа, редовно да ги користи (Рим. 12:2; Ефеш. 4:29; Кол. 3:8).

Лесно разбирлив јазик. Основно барање за доброто говорење е тоа да биде лесно разбирливо (1. Кор. 14:9). Ако не ги разбираат без тешкотии зборовите што ги користиш, на присутните им стануваш како некој што зборува странски јазик.

Некои зборови имаат специјализирано значење меѓу луѓе со одредена професија. Можеби тие ги користат таквите термини секој ден. Но, ако ги користиш ти во погрешна рамка, ќе се оневозможи твојата способност да комуницираш. Освен тоа, дури и да користиш секојдневен вокабулар, ако непотребно заглибиш во детали, твоите слушатели едноставно ќе почнат да мислат на други работи.

Еден обѕирен говорник избира зборови што му се разбирливи дури и на лице со прилично ограничено образование. Имитирајќи го Јехова, тој покажува обѕир кон „бедниот“ (Јов 34:19, NW). Доколку говорникот смета дека е неопходно да употреби некој непознат збор, тогаш треба да го употреби во поврзаност со едноставни фрази што го разјаснуваат значењето.

Едноставните зборови што се добро избрани ги пренесуваат идеите со голема моќ. Кратките реченици и едноставните фрази се лесни за сфаќање. Тие можат да бидат прошарани со некои подолги реченици за изнесувањето да не стане испрекинато. Но, за оние мисли што сакаш публиката посебно да ги запомни, избери едноставни зборови и концизни реченици.

Разновидност и точност во изразот. Не постои недостиг на добри зборови. Наместо да ги користиш истите изрази за секоја ситуација, употребувај разновидни зборови. Тогаш твојот говор ќе биде живописен и смисловен. Како да го прошириш својот вокабулар?

Кога читаш, означи ги зборовите што не ги разбираш во потполност и побарај ги во речник, ако постои на твојот јазик. Избери неколку од тие зборови и вложи свесни напори за да ги користиш кога е пригодно. Погрижи се правилно да ги изговараш и да ги користиш во контекст во кој лесно ќе се разберат и нема само да привлечат внимание. Проширувањето на вокабуларот ќе ја зголеми разновидноста во твоето говорење. Но, треба да внимаваш — кога некој погрешно изговара или погрешно користи зборови, другите можат да дојдат до заклучок дека тој навистина не знае што зборува.

Нашата цел кога го прошируваме вокабуларот е да информираме, а не да оставиме некаков впечаток кај нашите слушатели. Комплицираното говорење и долгите зборови имаат тенденција да го свртат вниманието кон говорникот. Ние треба да имаме желба да споделуваме вредни информации и да ги направиме интересни за оние што ги слушаат. Сети се на библиската пословица: „Јазикот на мудрите прави добро со спознание“ (Посл. 15:2, NW). Употребата на добри, пригодни зборови што се лесно разбирливи, помага нашиот говор да биде освежувачки и поттикнувачки, а не здодевен и неинтересен.

Додека го прошируваш вокабуларот, грижливо внимавај да го употребиш исправниот збор. Два збора можат да имаат слични, но донекаде различни значења, кои се користат во различни ситуации. Ако си свесен за тоа, ќе можеш да ја подобриш јасноста на твоето говорење и ќе избегнеш да ги навредуваш слушателите. Внимателно слушај ги луѓето што добро зборуваат. Некои речници под секој збор ги наведуваат и неговите синоними (зборови со слично, но не и исто значење) и неговите антоними (зборови со некако спротивно значење). На тој начин нема да откриеш само различни изрази за истата идеја, туку и различни нијанси на значењето. Ова е од голема помош кога го бараш исправниот збор за одредена ситуација. Пред да додадеш некој збор во твојот вокабулар, погрижи се да дознаеш што значи, како се изговара и кога се користи.

Специфичните изрази пренесуваат појасна слика од обопштените. Еден говорник би можел да рече: „Во тоа време многу луѓе се разболеле“. Или, може да каже: „По I светска војна, за неколку месеци, од шпанска грозница умреле 21.000.000 луѓе“. Колку само е поинаку кога говорникот јасно наведува што мисли со изразите „во тоа време“, „многу луѓе“ и „се разболеле“! За да се изразуваш на ваков начин треба да ги познаваш фактите што се поврзани со темата, како и грижливо да ги избираш зборовите.

Употребата на исправниот збор може да ти помогне да преминеш на главното и без многу зборови. Користењето многу зборови има тенденција да ги засени мислите. Едноставноста им олеснува на другите да ги сфатат и запомнат важните факти. Помага да се пренесе точно спознание. Поучувањето на Исус Христос се истакнувало по едноставноста на јазикот. Учи од него. (Види ги примерите запишани во Матеј 5:3-12 и Марко 10:17-21.) Вежбај да се изразуваш концизно со добро избрани зборови.

Зборови што пренесуваат живост, чувство, сликовитост. Додека го прошируваш својот вокабулар, не мисли само на новите зборови, туку и на зборовите што имаат одредени карактеристики. Размисли, на пример, за глаголите што изразуваат живост; придавките што пренесуваат сликовитост; и изразите што покажуваат срдечност, имаат тон на љубезност или пренесуваат искреност.

Библијата е полна со примери за таков јазик полн со значење. Преку пророкот Амос, Јехова поттикнал: „Барајте го доброто, а не злото . . . Мразете го злото, љубете го доброто“ (Амос 5:14, 15). На цар Саул, пророкот Самоил му рекол: „Денес Господ ти го отцепи царството над Израел“ (1. Сам. 15:28). Кога му зборувал на Езекиел, Јехова користел еден незаборавен јазик, велејќи: „Израелевиот дом е со тврда глава и со закоравено срце“ (Езек. 3:7). Нагласувајќи колку е сериозно престапувањето на Израел, Јехова прашал: „Може ли човек да краде од Бога? Но вие крадете од Мене“ (Мал. 3:8, ПСП). Опишувајќи еден испит на вера во Вавилон, Даниел живо запишал дека ,царот Навуходоносор се исполнил со гнев‘ затоа што Седрах, Мисах и Авденаго не го обожавале неговиот кип, па затоа наредил да ги врзат и да ги фрлат во „печка полна со ражарен оган“. Помагајќи ни да сфатиме колку било жешко, Даниел запишал дека царот побарал неговите луѓе да ,ја вжарат печката седумпати повеќе отколку обично‘ — толку жешко што, кога се приближиле до печката луѓето на царот биле усмртени (Дан. 3:19-22). Говорејќи им на жителите на Ерусалим, неколку дена пред својата смрт, Исус со длабоко чувство рекол: „Колкупати сакав да ги соберам твоите деца како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата! Но вие не сакавте. Ете, вашата куќа ви се остава запустена“ (Мат. 23:37, 38).

Добро избраните зборови можат да им пренесат живи умствени впечатоци на твоите слушатели. Ако користиш зборови што апелираат на сетилата, твоите слушатели ќе ги „видат“ и „допрат“ работите за кои зборуваш, ќе ја „вкусат“ и „помирисаат“ храната што ја спомнуваш и ќе ги „чујат“ звуците што ги опишуваш и луѓето што ги цитираш. Присутните ќе се внесат во она што го кажуваш затоа што им помагаш да го доживеат тоа.

Зборовите што живо ги пренесуваат идеите можат да ги наведат луѓето да се смеат или да плачат. Можат во едно потиштено лице да влеат надеж, желба за живот и во него да побудат љубов кон неговиот Творец. Надежта што ја создаваат зборовите од библиски пасуси, како што се Псалм 37:10, 11, 34; Јован 3:16 и Откровение 21:4, 5, има длабок ефект врз луѓето низ целата Земја.

Додека ја читаш Библијата и публикациите на „верниот и разборит роб“, ќе забележиш голема разновидност на зборови и фрази (Мат. 24:45). Не дозволувај тие да си останат на печатената страница. Избери ги оние што ти се допаѓаат и направи ги дел од вокабуларот што секојдневно го користиш.

Говорот да биде во согласност со граматичките правила. Некои луѓе се свесни дека нивниот говор можеби не е секогаш во согласност со граматичките правила. Но, што да сторат?

Ако сѐ уште одиш на училиште, искористи ја таа шанса сега добро да научиш граматика, како и нешто во врска со внимателниот избор на зборови. Ако не си сигурен која е причината за одредено граматичко правило, прашај го наставникот. Немој да учиш само колку да поминеш. Ти имаш мотив каков што другите ученици можеби немаат. Сакаш да бидеш делотворен министер на добрата вест.

Што ако си постар и си пораснал зборувајќи друг јазик, а не оној што го користиш сега? Или, можеби си немал прилика за некое поголемо формално образование на својот јазик. Не обесхрабрувај се. Наместо тоа, вложи вистински напори да се подобриш, и тоа заради добрата вест. Голем дел од она што го знаеме за граматиката, го учиме слушајќи како зборуваат другите. Затоа, слушај внимателно кога држат говори искусни говорници. Кога ја читаш Библијата и публикациите темелени на неа, внимавај на составот на речениците, на зборовите што се користат заедно и на тоа во каков контекст се користат. Обликувај го своето говорење според овие добри примери.

Популарните забавувачи и пејачи можеби користат изрази и стилови на говор што се судруваат со граматичката употреба. Луѓето се склони да ги имитираат таквите. Дилерите со дрога и лицата чиј образец на живот е криминален или неморален, честопати си имаат свој вокабулар и на зборовите им припишуваат дефиниции што прилично се разликуваат од вообичаеното значење. Не е мудро христијаните да имитираат некого од тие луѓе. Тоа би нѐ идентификувало со таквите елементи на светот и со нивниот начин на живот (Јован 17:16).

Нека ти биде обичај секој ден да користиш добар говор. Ако дозволиш говорот да ти стане немарен во секојдневните разговори, не очекувај дека ќе бидеш во состојба добро да зборуваш во посебни прилики. Но, ако во вообичаените ситуации во животот користиш говор со добар квалитет, ќе ти биде лесно и природно кога си на подиумот или кога на другите им сведочиш за вистината.

КАКО ДА СЕ ПОДОБРИШ

  • Од предлозите во оваа лекција, избери само една точка на која ќе работиш. Еден месец или подолго, таа нека ти биде цел.

  • Кога читаш, имај ја на ум својата цел. Мисли на неа кога слушаш способни говорници. Запиши си ги изразите што сакаш да ги внесеш во твоето говорење. Ден-два користи го секој израз што си го запишал.

ВЕЖБА: Додека се подготвуваш за Студијата на Стражарска кула или за Собраниската студија на книга за оваа седмица, избери неколку збора што не можеш лесно да ги дефинираш. Побарај ги во речник, ако имаш на располагање, или подискутирај за нивното значење со некој што добро ги познава зборовите.

Зборови што сакам да ги додадам во мојот активен вокабулар

Заради разновидност и точност За да пренесам живост, чувство или сликовитост

․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․ ․․․․․․․․․․․․․․

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели